Мицкоски: Рамковниот договор е симбол на зрелост, но поединци долго го злоупотребуваат
Објавено во: Македонија 13 Август, 2025 10:55
Рамковниот договор после 24 години донесе мир, стабилност и обезбеди зачувана унитарност на Македонија, рече премиерот Христијан Мицкоски на Свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
„Дали Македонците беа најсреќни со потпишување на Рамковниот договор, убеден сум дека тоа не е така. Чувство на огорченост, гнев. Веројатно, такво било чувството и кај Албанците. Системски и тешки реформи, менување на Уставот во услови на воен конфликт. Но да зборуваме отворено, Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир. Донесе стабилност и обезбеди зачувана унитарност на Македонија. Рамковниот договор не е само лист хартија, тој е симбол на зрелост, на храброст и на мудрост. Тој е потсетник дека колку и да се разликуваме по јазик, вера, култура или етничка припадност, сите ние делиме една историја и една заедничка иднина. Тоа е доказ дека Македонија може да биде дом за сите граѓани, дека различностите се наша предност“, рече Мицкоски.
Тој посочи дека оваа влада ја има донесено последната обврска од Рамковниот договор, но и дека истиот бил злоупотребуван повеќе од 20 години, како прекривка за заштита на криминал и лични интереси.
„Овој Рамковен договор е долго злоупотребуван договор, за жал, од поединци. Над 20 години имавме структури кои го користат националзимот како најдобра прекривка за заштита криминалот и личните интереси. Впрочем, таквиот национализам е последното прибежите на оние кои направија кариери, стекнаа огромен капитал на грбот на народот кој го делат и врз чии поделби, опстојуваат во политиката. Со една рака пишуваат и делат, во каков свет ќе се живее, а со другата ја крадат земјата, стекнуваат имоти, хотели, трговски центри, скапи возни паркови. И не им пречи бојата на парите“, кажа Мицкоски.
Според него, денот на одбележувањето на Рамковниот договор не е само спомен, туку е и обврска, сите да се потсетат на храброста на оние кои договориле мир, но и обврска да се остави држава која е силна и праведна.
„Нека знаат сите, нема македонска, албанска, турска, српска иднина. Има само заедничка, македонска иднина за сите нас. И таа иднина ќе биде онаква каква што ќе ја создадеме денес“, додаде Мицкоски.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




