Мицкоски се фотографираше со членови на УМС, партијата свика состанок
Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2018 19:29
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево на Фејсбук објави фотографија со дел од членовите на Унијата на млади сили.
„Младите се најголемата сила, а УМС најважниот чувар на нашите идеали.
Да живее ВМРО ДПМНЕ, да живее Македонија!, напиша Мицкоски.
Оставка утрово си поднесе претседателот на УМС, Лука Кржалоски со образложение дека раководството ја носи партијата во изолција.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржува состанок по партиските оставки поради несогласување со актуелното раководство.Оставка на претседателската функција во Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ вчера поднесе Даниела Рангелова, а потоа и нејзините први соработнички – Лилјана Кузмановска и Лилјана Затуроска.
Оставка поднесоа денеска и тројца високи претставници во УМС, Лука Кржалоски, претседател, потоа претседателот на Градскиот комитет на УМС, Томи Кепевски, како и Јован Никушевски, претседател на УМС за Карпош.
Рангелова рече дека партијата оди кон изолација и дека мора да се демократизира.Таа обвини дека неколку луѓе од партијата вршат притисоци.
По седницата за уставни измени, откако седум нивни пратеници гласаа „За“, партијата ја следат низа превирања. Oвие пратеници беа исклучени, но и други екс функционери кои беа обвинети дека учествувале во вршењето на притисоци.
Можеби ќе ве интересира
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето




