05 Декември, 2025
0.4066

Мицкоски се сили со интерпелација - Само му прави услуга на Заев

Објавено во: Анализа 02 Април, 2018 07:33

Добивај вести на Viber

Опозицијата по речиси една година реши да се врати во Собранието и активно да учествува во неговата работа со што ВМРО-ДПМНЕ конечно ќе си ја преземе својата улога во македонската демократија. Лидерот Мицкоски на старт најави дека штом ВМРО-ДПМНЕ се врати во Собранието првото нешто што ќе го направи ќе биде покренување постапка за интерпелација на Владата. 

Барањето гласови за недоверба кон премиерот Заев е сосема извесно уште сега дека ќе пропадне и дека владата ќе се задржи на нозе без никакви проблеми, но барем опозицијата ќе има мала „победа“ пред своите гласачи, дела ете се враќаат во политичкиот процес и истовремено покажуваат некаква цврстина и одлучност да му се спротистават на СДСМ и нивните досегашни штетни политики. 

Мицкоски очигледно се затрча да освои ситни политички поени, наместо да го искористи овој моментум за опозицијата и да ја прикаже ВМРО-ДПМНЕ како сериозна политичка партија која во сериозни политички времиња во кои се наоѓа Република Македонија можеше да понуди конструктивност, да покаже обединетост за најважните стратешки национални прашања и да даде свој придонес во реформскиот процес.

Вака испаѓа, дека на ВМРО-ДПМНЕ поважно му е три дена да биде главна тема во вестите и новинарските извештаји со беспредметна и безнадежна интерпелација која ќе издиши за многу кратко време, отколку да наметне реформска и конструктивна агенда која ќе им покаже на гласачите дека партијата го променила начинот на кој размислува и делува и дека конечно ќе придонесе во релаксирање на општествената тензија.

За власта ова е вин-вин сценарио, Заев ќе прикаже во Брисел и Вашинтон дека успеал да го придвижи политичкиот дијалот, опозицијата со барањето интерпелација ги ужива сите демократски права, а со постигнатиот конзенсуз за излгасување на неопходните реформи успеал и да направи политички договор кој ќе ја унапреди Република Македонија и доближи до НАТО и ЕУ.

Мицкоски, повеќе ќе има материјал за пред домашната јавност да се „фали“ дека ете не му попушта на Заев ни под разно и дека ќе му ја „рушел“ владата веднаш штом ќе стапнел во Собрание. 

Автор: Христијан Станоевиќ

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?