Мицкоски се сретна со Вучиќ во Белград

Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2019 12:51
Лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград по завршувањето на средбите на состанокот на Европската народна партија.
Мицкоски наведе дека средбата е во рамки на двајца претседатели од две сестрински партии - ВМРО-ДПМНЕ и СНС и се разговарало за нивна соработка.
„Имав можност во Белград да остварам средба со претседателот на Република Србија и претседател на СНС, Александар Вучиќ. Разговаравме за состојбите во регионот, можностите за соработка кои стојат на располагање. Воедно стана збор и за соработката помеѓу двете сестрински партии и искористување на потенцијалите на тој план. Република Македонија треба да гради отворена, рамномерна добрососедска политика базирана врз принципи и искрени вредности“, напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук.
Не се споменува дали имало некаков разговор помеѓу партиските лидери и за денешното потпишување на пристапниот Протокол за влез на Македонија во НАТО.
Можеби ќе ве интересира
„НАШИОТ ЛИДЕР Е СМЕНЕТ КОГА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ОДБЕЛЕЖУВА СЕДУМДЕЦЕНИСКИ ЈУБИЛЕЈ“: Учениците бараат објаснување од градските власти

МИЦКОСКИ ДЕЦИДЕН И СО УЛТИМАТУМ ДО БУГАРИЈА: Еве што смета премиерот за ситуацијата со Софија

КОМУ ВО ЕУ НЕ МУ ОДГОВАРА МРДНУВАЊЕ ОД МРТВАТА ТОЧКА, МОЖЕБИ НА ОНИЕ КОИ ИЗВЕЗУВААТ ОТПАД ОД ЕУ ВО МАКЕДОНИЈА? Најчевска жестоко за известувачот во ЕП за Македонија

НЕ САМО ДИЛЕРИТЕ, ТУКУ И УЖИВАТЕЛИТЕ НА ДРОГИ ЌЕ БИДАТ САНКЦИОНИРАНИ - казни до 250 евра, ќе помогнат ли за заштита на општеството

ЌЕ „ЛЕТААТ“ ВОЗИЛА ВО ОТПАД, КАКО ОТПАДЕН МЕТАЛ! Еве како Ѓорѓиевски ќе ги решава хаварисаните возила во општината

ПОЧИНА Д-Р ГЛИГОР ЏОЛЕВ: Беше директор на Ортопедската клиника во Скопје

ДАЛИ Е ОВА МОЖНО? Од 18 март на голема врата се враќа зимата со силен мраз, снег и пад на температурите за 20 степени!?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството за гонење на организиран криминал го обжали решението за куќен притвор за сопственикот на „Пуцко петрол“

МИЦКОСКИ: Ќе протестираме и ќе им се случи народ ако корумпираните судии со изгласана недоверба не си дадат оставка
