Мицкоски: Секој еден во себе да се чувствува помалку или повеќе дека е Делчев
Објавено во: Македонија 04 Мај, 2022 21:12
Некои работи кои изгледаат сега чудно, за некое време ќе значат многу за Македонија и граѓаните, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот историски час во по повод 119 години од смртта на Апостолот Гоце Делчев во организација на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев“.
Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е тој кој што треба да биде креатор на тие политики и дека нивна задача е да ја градат Македонија. Вели дека патриотизмот не е патентиран, туку или го имаш или го немаш, и сите ние треба да имаме Делчев во себе за да ја направиме подобра Македонија.
„Затоа треба секој еден во себе да се чувствува помалку или повеќе дека е Делчев. Дали имате големи соништа и амбиции или мали. Сите треба да имаме големи амбиции имајќи ги предвид предизвиците кои не очекуваат имајќи предвид дека ќе начекаме пустош кога овие ќе заминат. Секој од нас треба да има еден Делчев во себе за да направи нешто за Македонија, истакна Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека сите ние споделуваме заедничка судбина и треба да ја градиме заеднички Македонија, затоа што Делчев би бил пресреќен кога би знаел дека Македонија е во најуспешните држави со млади кои ја гледаат иднината дома, со возрасни кои се задоволни од животот во Македонија, но за жал не е така.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




