30 Септември, 2024
0.0252

Мицкоски: Сите функционери да работат про-боно, платите да се намалат само 10 отсто

Објавено во: Македонија 23 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, побара од државните функционери, особено оние владините и профилирани како такви кои доаѓаат од редовите на владеачката СДСМ да се откажат од своите плати и во наредниот период да работат без надомест. 

- Ајде да ги видиме и да работат про-боно. Предлогот нека го даде министерката за правда Рената Дескоска, а јас ќе ја поддржам., Да се стави точка на дневен ред и да се изгласа уредба со која сите именувани, заменици, секретари и сите именувани лица од Владата да се откажат од приходите додека им трае мандатот, рече на денешната прес-конференција Мицкоски.

Лидерот на најголемата опозициска партија побара од Владата да не го прифаќа предлогот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за намалување на платите на вработените во јавниот сектор на ниво на минималната од 14.500 додека трае кризата. Според Мицкоски, таа треба да се намали, но само 10 отсто од платите.

„Буџетот и мерките се кројат во партиски штаб. Голем дел од мерките се задоцнети. Касата за која велеа дека е полна не издржа ниту три недели. Од ветените 500 евра ги намалува платите на 230. Ова е грабеж. Мерката е сериозен удар за стандардот на вработените. Во ист кош ги става со функционерите. Тие немаат привилегии. Не можат да зависат од милоста на банките и имаат кредити. Се руши нивниот стандард. Економски ова е неоправдана мерка. Ќе се намали потрошувачката по принцип на домино-ефект“, додаде Мицкоски.

Мицкоски праша зошто се задолжуваме ако се кратат платите и дека така ќе се продлабочи кризата, односно дека тоа нема да го даде посакуваниот ефект. Уште еднаш ги потенцираше предложените мерки на ВМРО-ДПМНЕ.

„Робусна реализација на капиталните инвестиции, патарините да не наплаќаат, одлука да се укинат сите царински и даночни давачки за медицински препарати и маски, аконтацијата за данок на добивка за април и мај да биде одложена, намалување на платите на администрација за 10 проценти, а не урамниловка. Да нема нови вработувања во јавниот сектор. Да се донесе уредба со која нема да се купи уделот во ГА-МА, туку парите од сметката на МЕР да се искористат за штетите од пандемијата“, побара тој.

Мицкоски побара од Народна банка преку издавање записи да ги извлече 420-те милиони евра, кои како што вели тој, се неактивни во комерцијалните банки.

Можеби ќе ве интересира

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО