07 Октомври, 2024
0.0259

Мицкоски со фејсбук статус кажа каде бил на 27-ми април

Објавено во: Македонија 28 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Мицкоски на фејсбук одговори каде бил на 27-ми април.

Гледам дека ја интересира власта каде сум бил на 27-ти април 2017 година. Иако и фотографиите кои ги објавија не кажуваат ништо повеќе од она што јас веќе претходно го соопштив за моето движење тој ден, само овој пат направија додадена мистерија и заокружени црвени кругови, сепак еве ќе повторам и директно одговорам. Јас на 27-ти април бев со народот, со луѓето кои протестираа осумдесетина дена претходно и кои со право беа загрижени за иднината на нашата Македонија. И доколку денес не ви беа црвените кругови кои ги заокружувате, доколку не ви беа полициските акции со кои се фалите, ќе немаше "колективна забава" во која само вие верувате, и веројатно уште посоголена, уште повидлива ќе беше неспособноста во која се давите. 
Јас ќе порачам две работи, за да нема недоумица и да се знае: прво, вие не можете толку да украдете и да срушите колку што ние можеме да изградиме и реализираме, таа битка ви е однапред загубена. ВМРО-ДПМНЕ на секоја ваша неправда, на секој ваш удар, станува посилен, постабилен, поголем. Второ, следниот пат кога ќе има собир на народ, незадоволници од оваа влада, за да не се трудите да одбегнувате тужби, па морате да поставувате прашања, за да не заокружувате и објаснувате на чија страна ќе бидам, уште сега да знаете, за да остане запишано, јас ќе бидам повторно на страната на народот, а вашиот пад нема да го сокрие срамот кој ќе го носите уште долго по вашето заминување од власта. Затоа што власта не е се во животот, потребен е образ, достоинство и човечка доблест во кои јас искрено верувам.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил