Мицкоски: Владата и Зоран Заев амнестираат криминал и убиства
Објавено во: Македонија 14 Април, 2018 10:40
Христијан Мицкоски, претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, реагираше по ослободителната пресуда за тројцата обвинети за убиството на полицајците во Арачиново во 2000 година кои беа први жртви на македонските безбедносни сили пред да започне воениот конфликт, што е уште една контроверзна судска одлука.
„Виновници за тројното убиство во Арачиново нема. Виновници за разнесувањето на џипот на полскиот контингент на НАТО во кумановско, нема. Виновници нема ниту за петкратното убиство кај Смилковско езеро, бидејќи осудените за масакрот во случајот „Монструм“ се на слобода. На слобода се и стотици затвореници и осуденици за криминал кои оваа Влада ги амнестираше. За оние од Диво Насеље се бара меѓународна арбитража. Владата и Зоран Заев амнестираат криминал и убиства, додека политичкиот терор расте.
Несигурноста се враќа по улиците. Правдата кога се заменува со политика, нема правда, но нема и мир. Кога толку многу криминалци се на слобода, а правдата недостижна тогаш е јасно дека најголемите криминалци се во владата. Постизборната платформа на албанските партии потпишана во Тирана, во која се вети слобода за сите овие случаи, како да ја пишувал некој нов Нострадамус упатен во сите овие судски процеси или судовиве сфатија колку многу е "визионерски" документот, па одлучија да го реализираат“ напиша Мицкоски во обраќањето на социјалните мрежи.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




