18 Декември, 2025
0.1218

Мицкоски: Владата не го цени импутот на опозицијата и подадената рака

Објавено во: Македонија 20 Април, 2018 07:59

Добивај вести на Viber

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека владата на Заев не ја цени подадената рака како и придонесот на опозицијата за надминување на проблемите со политичкиот дијалог по што Европската Комисија даде извештај со позитивна и чиста препорака за започнување на македонските преговори за членство во ЕУ. 

-ВМРО-ДПМНЕ секогаш во минатото така и сега била браник на националните и државните интереси и во овој момент раководството на партијата одлучи дека национален интерес е ВМРО-ДПМНЕ да не ја напушти масата, а на таа маса ВМРО-ДПМНЕ додаде вредност при изработката на сите т.н. реформски закони и истите тие понатаму во една процедура во собранието беа усвоени дел допрва ќе се усвојат, рече Мицкоски во интервјуто за Алфа.

Мицкоски забележа дека и покрај подадената рака од ВМРО-ДПМНЕ до владата со цел остварување на државните интереси, премиерот Заев не го испочитувал инпутот на опозицијата во извештајот на Европската Комисија. Но потенцираше дека високите претставници на ЕУ, Јоханес Хан и Федерика Могерини ја споменале опозицијата како клучен фактор за добивањето на позитивната препорака за старт на преговорите со ЕУ.

-Но она што е интересно, а која што говори за карактерот на луѓето во владата е онаа изјава која што премиерот Заев ја кажа дека и да не била опозицијата, оваа оценка ќе постоела . Тоа беше онаа прва претпоставувам еуфорична изјава, по малку не сереќна. Но набргу дојде демантот од страна на високите претставници  на ЕУ Јоханес Хан  и Федерика Могерини, каде што јасно и недвосмислено беше спомената опозицијата како клучен фактор во добивањето на ваква препорака и ваков извештај кој што го доби Република Македонија од страна на,Европската Комисија. Тоа сето ни беше нам честитано. Оддадена ни беше честа, рече лидерот на опозицијата.

За крај тој заклучи дека за разлика од некои политички структури во Република Македонија единствена цел на ВМРО-ДПМНЕ е интересот на граѓаните на Република Македонија.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми