18 Декември, 2025
0.0736

Мицкоски за Џафери: Се срамам што го познавам тој човек

Објавено во: Македонија 14 Мај, 2022 14:01

Добивај вести на Viber

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски  вели дека се срами што воопшто познава таков човек каков што е собранискиот претседател Талат Џафери. 

Кажа дека со своето однесување Талат Џафери ги навредил мајките на вработените во Собранието кои се и Македонци и Албанци и Власи, Турци, Срби и не разбира зошто премиерот Димитар Ковачевски јавно премолчува и нема реакција.

„Па се срамам што го познавам тој човек вака да ви кажам отворено, се срамам што ете така животот ме натерал да го запознам тој човек и навистина не можам да го разберам што е тоа толку што го држи Ковачевски  при уши глув при очи слеп да мора јавно да го премолчува, што е тоа што го има заробено а да го трпи овој срам и ова понижување и тој лично но и граѓаните. Бидејќи таму се навредува мајката на вработените кои што можеби се Македонци кои што се Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци не е битно тој така ја навредува мајката. И тоа така помина. Ниту одговорност, ниту некој нешто кажа, ниту пак медиумите тоа вака морам да признам го ставија на едно високо ниво, ако некој човек има проблем со себе, и со својот нервен систем има посебни институции кои што се грижат за тоа, парламентот и вработените таму не се место каде што некој треба својот нервен систем да го лечи. Така што еве ќе завршам како што и почнав се срамам што воопшто познавам такви луѓе во мојот живот поради природата на мојата работа“, нагласи Мицкоски.

Деновиве се појави аудио снимка на која се слушаше како Џафери пцуе и навредува. Ковачевски кажа дека нема доволно детали, и дека не се гледа каде и со кого зборува Џафери. 

Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми