25 Ноември, 2024
0.0826

Мијалчев: Зад случајот со изградбата на штипската Клиничка болница стои обид за преземање на „Бетон Штип“ и тоа без пари

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Градежната компанија Бетон Штип се најде во центарот на вниманието, повторно, поради случајот со изградбата на Клиничката болница во Штип, процес кој сега е запрен. Во овој случај Бетон Штип беше подизведувач на Интраком констракшн – Интракат Грција, компанија против која веќе Бетон Штип имаше судски спор за наплата на два милиони евра, наводно за штета која  ја претрпеле поради тоа што договорот бил раскинат. Во разговор за Фактор првиот човек на компанијата Ванче Мијалчев вели дека сега, испливува на виделина и станува јасно дека зад овој потег стоела одредена стратегија за преземање на Бетон Штип ама преку стечајна постапка и без пари. 

Зошто договорот беше раскинат, а парите за извршените операции не ви беа наплатени? Впрочем тоа, според вас, беше и клучната причина поради која друштвото подоцна отиде во стечај? 

Мијалчев: Раскинувањето на договорот помеѓу грчката компанија „Интракат“ која од инвеститорот, Министерството за здравство го доби тендерот за изградба на Клиничка болница во Штип за износ од 34.361.679 евра и Бетон Штип како подизведувач на целиот проект се случи на 19.11.2018 година кога „Интракат“ достави допис со кој еднострано ги раскина сите договори со Бетон Штип во врска со изградбата на Клиничката болница во Штип. Едностраното раскинување на договор не е во согласност со одредбите од Договорот бидејки ние имавме „back to back“ Договор односно одредбите од Главниот Договор важеа и во Подизведувачкиот договор, а тие пак беа според Хармонизираната книга на Црвениот FIDIC или тн Розов FIDIC . Причината за овој потег тие најдобро ја знаат, но настаните кои следеа потоа, она што сега се случува на објектот и немањето реакција од Министерството за здравство наведуваат на заклучок дека се работи за одредено смислено сценарио. Ако работите ги погледаме од оваа временска дистанца јасно е дека зад овој потег стоела одредена стратегија за преземање на Бетон Штип ама преку стечајна постапка и без пари. На „Бетон Штип“ од страна на изведувачот кој веќе ги имаше наплатено парите од инвеститоротот, не му беа исплатени 2 милиони евра за веќе завршени градежни активности за кои има и документи заверени и од „Интракат“ како изведувач и од Министерството за здравство како инвеститор. Ова за нас значеше многу бидејќи „Бетон Штип“ целиот овој проект го финансираше сам „Интракат“ едноставно немаше никакви трошоци дури и трошоците за нивните инженери кои не беа мали ги плаќаше „Бетон Штип“, трошоците за осигурување на објектот, за банкарските гаранции како и целиот износ на Задржани средства (Retention Money) согласно Главниот Договор 10% се одбиваа од ситуациите на „Бетон Штип“. За да одговориме на овој проект ги зголемивме нашите кредитни рамки за да ги обезбедиме сите потребни банкарски гаранции, но и простор за кредитни средста за да ја финансираме градбата во услови на нередовност во плаќањето на времените ситуации. Со едностраното раскинување на договорите од страна на „Интракат“’ банката веднаш ги раскина договорите и ги доспеаа сите кредити и ни ги блокира сметките. Потоа „Интракат“ ја активира и банкарската Гаранција за аванс во целиот износ што значеше дополнителна блокада на сметките и следуваше неможноста да исплаќаме плати кое резултираше со масовно напуштање на работниците и инжинерите кои ги водеа проектите , потоа во недостаток на работници и инжинери и блокирани сметки не бевме во можност да ги работиме и останатите проекти кои во меѓувреме ги изгубивме и таму ни паднаа банкарските гаранции за да конечниот епилог биде отворање на Стечај над Бетон Штип.

Кој беше вашиот мотив да го покренете судскиот спор, имаше ли друга опција да се договорите со Интракат и зошто воопшто беше нарушен вашиот однос? Имате ли докази за извршени, а ненаплатени побарувања? 

Мијалчев: Судскиот спор беше покренат во стечајната постапка поради една јасна и прецизна причина – долг од 2 милиони евра кој ,,Интракат’’ го има кон „Бетон Штип“’, а веќе го има наплатено од инвеститорот на проектот. Споменав дека причина за нарушување на односот беше едностраното раскинување на подизведувачките договори и прекин на спроведувањето на нивната обврска за исплата кон нас, а со тоа и целосно непочитување и на договорот со инвеститорот за кое наместо казнета, оваа компанија беше наградена од Министерството за здравство. Судскиот спор од друга страна е базиран единствено на јасни докази кои ги приложивме за неплатени побарувања, документи примени и потпишани од „Интракат“’ како изведувач и од Министерството за здравство како инвеститор. Со тоа, сите извршени градежни работи од страна на „Бетон Штип“ се неспорни и потврдени со потписи. Побарувањето на „Бетон Штип“ е докажано во законита судска постапка, чие постоење при книговодствените срамнувања го потврдувала и самата фирма „Интракат“. Постои и судско вештачење, постојат документи, завршни сметки и ревизорски извештаи, кои „Бетон Штип“, како акционерско друштво, ги има доставено и на Македонската берза. 

Од Интракат тврдат дека тие воопшто не биле информирани за судскиот процес кој беше завршен во ваша полза. Обвинуваат за фалсификувани потписи и тенденциозни судски одлуки, дури и за ненадлежност на Судот. 

Мијалчев: Имајќи ја во предвид цврстината на доказите кои ги имавме при покренување на оваа постапка се работи за целосно основана и правилна разрешница на случајот и пресуда која беше донесена единствено базирана на приложените јасни докази. Кога „Интракат“’ би говореле за тенденциозни одлуки тогаш несомнено тука би морале да ја вбројат и одлуката да се продолжи нивниот рок од страна на инвеститорот и наместо казнети да бидат наградени како за пробивање на рокот така и за непочитување на договореното со подизведувачот, а со тоа и кон сите останати компании поврзани во работењето на овој проект. Обвинувањата на грчката компанија се дефинираат единствено како манипулативни обиди да се фрли во сенка правосилната, законита и извршна одлука на македонскиот суд. Небулозни се изјавите за наводни фалсификати на потписи при толку многу издржани докази. Да не можеби и сите други докази за побарувањата – фактури, градежни систуации и слично од инвеститорот и изведувачот биле исто така одобрени со фалсификувани потписи? Ова се изјави со кои единствено се врши директен притисок врз судиите и надлежните институции кои веќе донеле одлука базирана на сериозни докази. Од оваа ситуација се гледа дека е потребен сериозен реформски однос кон судството во земјава со цел правдата да се дели и спроведува законито, врз основа на цврсти докази, а не врз основ на неосновани преставки кои претставуваат директен притисок врз македонскиот правосуден систем. 

Колку од ненаплатени обврски веќе успеавте да наплатите? 

Мијалчев: По покренатата тужба од Стечајниот управник на Бетон Штип АД во стечај за наплата на побарувањата за сработеното, повторувам за сработени работи по ситуации, на износ од над 2.000.000 евра плус законска камата кои „Интракат“’ ги има наплатено од инвеститорт Министерство за здравство, добиена е правосилна извршна пресуда со која е блокирана сметката на „Интракат’’ и наплатени се само 500.000 евра. 

Во меѓувреме имавте ли некакви контакти со Министерството за здравство кој е инвеститор на проектот Клиничка болница во Штип? Ги исплатиле ли тие парите кон Интракат и зошто е прекинат проектот? Дали договорот треба да биде раскинат, со оглед на тоа што роковите не се испочитувани? 

Мијалчев: Министерството за здравство иако е директен инвеститор на проектот и директно одлучува за неговата реализација изјави дека не навлегува во односите помеѓу изведувачите и подизведувачите, што според мене е крајно несериозно бидејќи единствена, заедничка цел е да се заштитат интересите како на сите засегнати страни кои бараат одговори зошто останале без своите изработени пари така и на сите граѓани кои ја очекуваат изградбата на овој Клинички центар. Од договорената сума од близу 35 милиони евра инвеститорот, Министерството за здравство има исплатено на изведувачот „Интракат Констракшн“ близу 9.5 милиони евра колку што изнесуваа ситуациите додека Бетон Штип го работеше проектот. Интракт од оваа наплата одбива да му плати на Бетон Штип за сработеното односно одбива да ги плати подизведувачките ситуации, иако работата е целосно завршена и за тоа има цврсти, несоборливи докази. Имено, врз основ на одредбите на FIDIC договорните услови, по кои е потпишан договорот помеѓу договорните странки инвеститорот Министерството за здравство и изведувачот – Интракат, во точка 15.2 алинеа 1е постои клаузула, во која се вели дека во случај изведувачот да стане несолвентен („Интракат“ веќе шест месеци има блокирана сметка, 16 месеци нема градежна ситуација, нема никакви активности на објектот, нема ниту еден вработен), Министерството за здравство на РСМ треба да го раскине договорот. Наместо тоа, инвеститорот, Министерството за здравство игнорирајќи ги сите правни аларми кои се вклучуваат, го продолжува рокот на компанијата Интракат и дополнително на основ зголемени трошоци поради доцнење со реализација на проектот најавува и зголемување на износот кој ќе го исплати на грчката компанија. Контрадикторно е прекинувањето на проектот со истовремено зголемување на неговиот буџет поради зголемени трошоци за пролонгација. Практично, наместо непочитувањето на договорот да донесе спорна ситуација во која истиот единствено треба да е раскинат, за изведувачот донесува нови 7 милиони евра од страна на инвеститорот, Министерството за здравство, за проект на кој повеќе од 16 месеци нема никаква активност. Тука мора да се напомене дека покрај 16-те месеци градежна неактивност на проектот, грчката подружница нема ниту еден вработен и има блокирана сметка шест месеци за која судот два пати одбива да отвори стечајна постапка, иако по закон е должен истото да го направи во рок од 45 дена. 

Какви ќе бидат вашите следни активности во овој случај и во каква ситуација сега е Бетон Штип? 

Мијалчев: Правната битка продолжува за нас и за сите доверители кои во стечајната постапка на Бетон Штип се обидуваат да ги наплатат побарувањата и да ја одржат својата ликвидност со цел оваа ситуација да не резултира со уште поголеми загуби за нив. Имаме јасни и силни докази кои како такви беа прифатени, а од владата очекуваме заложба и реформски однос со цел да престанат притисоците на судиите кои ги прифатиле тие докази и веќе донеле законска, извршна и исправна одлука. Во меѓувреме изгласан е Планот за Реорганизација и стечајната постапка во Бетон Штип е затворена. Реализаторот на планот, новоформираната БЕТОН ШТИП ДОО ќе продолжи со наплата на ова и сите останати побарувања со цел намирување на своите доверители согласно Планот за Реорганизација. 

Велите дека имате некакви нови сознанија за компанијата Интраком констракшн – Интракат Грција?

Мијалчев: Интраком констракшн – Интракат Грција е компанија која и претходно е позната на јавноста по едно речиси идентично сценарио како ова. Имено, претседател на бордот и најголем акционер на оваа компанија е Димитрис Коутрас, исто така веќе познат на јавноста по аферата „Актор“’ во која грчката истоимена компанија во нашата земја доби тендери за изградба на патишта вредни 250 милиони евра. „Актор“’ како изведувач ги наплати парите од Министерството за транспорт и врски кое во тој случај беше инвеститор, се повлече од нашата земја и остави неплатени побарувања на стотици домашни правни субјекти од кои десетици од оваа причина заминаа во стечај. А, патиштата, исто како и оваа Клиничка болница останаа недоизградени. Интригантен е и моментот дека Димитрис Коутрас во еден наврат, нуди 1,2 милиони евра за купување на „Бетон Штип“’ што е нешто повеќе од половина од вредноста која ја должи на истата компанија. Скандалозна дампинг понуда која е одбиена од страна на ,„Бетон Штип“ Случајноста и сличноста на овие две ситуации со грчки „Актор“ од една страна и грчки „Интракат“ од друга страна, во ситуации каде инвеститори на проекти се соодветни ресорни министерства од земјава, остава простор да се постави прашањето кој и зошто им дозволува на странските компании да си поигруваат со судбината на домашните компании и на нашите работници? И зошто, наместо да се бранат интересите на оние кои чесно работеле, а останале без пари за својот труд се бранати поддржуваат интересите на оние кои вршат јавни и тајни притисоци врз целиот правосуден систем во земјава со цел да предизвикаат заблуда во јавноста со која веруваат дека успешно ќе ја спинуваат ситуацијата до „простување“’ на нивните неплатени долгови и прикривање на синхронизираната задкулисна игра која се изведува. 

А.Т.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо