Мијалковски до Хан: Дали сето она што сакате да ни го наметнете кај нас дома важи и кај вас?
Објавено во: Македонија 21 Март, 2017 19:03
Дарко Мијалковски од иницијативата „За заедничка Македонија“ на протестот пред Собранието вечерва упати низа прашања кон комесарот Јоханес Хан.
Прашува дали Хан е тука за да дели правда или двојни аршини и зошто не го слуша гласот на народот.
Мијалковски праша дали она што сака Хан да го наметне овде важи и кај нив.
„Тука сме да ви порачаме дека овој народ нема да ја прифати Тиранската платформа, тоа е исто како да барате од САД да ја прифати нуклеарната програма на Северна Кореја. Господине Хан нема дискриминирани Албанци во Македонија, напротив доколку се прифати платформата македонскиот народ ќе стане малцинство, нема да ја прифатиме платформата како вие што не ја прифативте нашата средба“ - рече Мијалковски.
Тој на крајот порача да се поздрават сите пријатели во Брисел и да им кажат дека нема да се прифати Тиранската платформа.
Веќе 23 ден се протестира во Скопје и во другите градови. Од иницијативата „За заедничка Македонија“ порачаа дека ќе протестираат се додека не се отфрли платформата на албанските партии.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




