МИКРОБИОЛОГОТ ПАНОВСКИ ЗА ФАКТОР: Индискиот сој може да стане посилен на есен, важно е дотогаш да има што поголем број вакцинирани во Македонија
Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2021 07:16
Индискиот сој или
делта варијантата е веќе доминатна во Велика Британија, бидејќи според податоците
од анализите, 90 проценти од новозаразените на дневна основа се со овој сој. Кон крајот на годината се појави во
Индија, и веќе е детектиран во огромен број земји, а деновиве има случаи и во
Македонија. Професорот Никола Пановски за Фактор вели дека нема да можеме да го
спречиме да влезе, но, како што потенцира, мора да имаме сериозна и масовна
вакцинација за да во текот на есенските месеци не се доведеме повтроно во
ситуација која би го блокирала здравствениот систем.
-Тешко дека ќе го спречиме индискиот сој или по ново, делта варијантата да влезе во земјата, прашањето е дали ќе се вакцинираме во што поголем број додека да влезе вирусот и колку вакцините ќе штитат. Лично сметам дека од нив ќе имаме многу поголема придобивка, отколку без вакцини. Истовремено, за мене е многу важен фактот што голем број од населението го прележале вирусот и дека касј нас дури и овој сој нема да се шири многу брзо, да има силен налет, односно тој и ќе се шири, но нема да има случаи со тешки симптоми и тешка форма на болеста. Ги следиме искуствата во Велика Британија, таму и на 11.000 случаи позитивни дневно, па и на 500 случаи имаат само 10 смртни. Смртноста не се зголемуваше драматично, можеби имаа и двојно повеќе од тоа, но сепак не стануваше збор за алармантна и крајно загрижувачка состојба, нагласува професорот.
Д-р Пановски смета дека актуелниот застој на вакцинацијата е недозволиво и дека без 15.000 дневно нововакцинирани, би имале многу посериозна епидемиолошка состојба во текот на есенските месеци.
-Најбитно е сега да се вакцинираме. Да се надеваме дека вакцинацијата ќе продолжи помасовно. Лошо е што сега има застој. Застојов е навистина необјаснив. Безобразно скапи кинески вакцини со не знам каква ефикасност, да се чекаат толку месеци, кој е проблемот навистина не знам. Во моментов повеќе се врши ревакцинација, односно што се вакцинираат нови. Реално нема вакцини, единствено некои донации што пристигнуваат, последнава Синовак и АстраЗенека и вакцините од Фајзер, други вакцини нема. Масовна вакцинација имаше само од Синофарм. Значи дневно прва доза примаат само по околу 3-4 илјади, тоа е малку. Повеќе во Србија се вакцинираат отколку тука. Без 15.000 нововакцинитран дневно бништо не правиме. Ако конечно се остварат најавите за пристигнување на огромен број вакцинии, во јули треба 450.000 граѓани да примат прва доза. Сега има уште околу 180.000 пријавени и тие треба за 15 дена да ја примат првата доза, до 15. јули значи, за да може некаде во септември кога ќе залади, кога ќе дојде овој делта сој да бидат колку толку заштитени, вели проф. Пановски.
Според него, можно е тогаш да има засилување на индискиот сој, на есен кога луѓето почнуваат да се прибираат внатре.
-Таков е вирусот, респираторен, активен во поладните месеци, кога се собираат луќето внатре, кога почнуваат со работат училиштата. Можно е да се засили, но да се надеваме дека состојбата нема да биде како што беше пролетта, туку како што се соочуваме со сезонскиот грип. Најважно е да не се полнат болниците. Ако почне да се појавуваат случаи на овој сој во разни места треба веднаш да се преземат мерки, прво локални, а потоа глобално. Можеби вакцината нема да штити токлку од пренесување, но ќе штити од смрт и од тешка форма на болеста за која е потребна хоспитализација, а тоа е нешто што го блокира здравствениот систем, вели професорот Пановски за Фактор.
Инаку, во моментов во Македонија епидемиолошката состојба е мирна со мал број новозаразени и како што претходно пишуваше Фактор, според критериумите на СЗО, земјава е во фаза еден со само спорадични случаи. Здравствените власти во оваа фаза ги олабавија рестриктивните мерки и како што вчера изјави министерот за здравство, Венко Филипче и покрај случаите на индиски сој во Македонија, во наредниот период не планираат воведување анти-ковид мерки, бидејќи состојбата со корона вирусот е мирна и спласнува.
Анита Буховски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“





