19 Декември, 2025
0.0420

Mикробиолози, триатлонци и пијанисти одржаа моќни говори на конференцијата TEDxYouth во меѓународното училиште НОВА

Објавено во: Мои пари 16 Ноември, 2015 11:26

Добивај вести на Viber

Музичарката и единствена Македонка што го има завршена триатлонот „Ајрон мен“, Леана Таќи; микробиологот од Белград, Алексеј Дрино и Брендан Шулц кој има работено во кампања на американскиот претседател Барак Обама, беа дел од говорниците на конференцијата TEDxYouth@NovaSchools која се одржа во саботата во меѓународното училиште НОВА. Настанот се случи за првпат со цел да прерасне во традиционален, а концептот е внимателно одбрани личности од различни сфери на животот да презентираат идеи кои се надвор од конвенционалното размислување, кои инспирираат и нудат едно поинакво гледиште. Моќни говори одржаа и извршната директорка на Младинскиот образовен форум, Дона Костуранова; правникот Иван Кочовски; филмаџиката Ана Јакимска; режисерот и професор Милош Андоновски; ученичката која има искуство со работа во лабараторија, Софија Панева и средношколецот - виртуоз на пијано, Лис Асланај.

TEDxYouth 1

Тема на TEDxYouth@NovaSchool беше „Направени во иднината“, а 9-те говорници кои се качија на сцена ги спојува фактот дека се млади, но посветени на различни полиња на работа. Целата конференцијата се одвиваше на англиски јазик и беше снимена, а наскоро на интернет ќе бидат објавени и видеа од сите говори.

- Во ист ден со нашиот настан, во Бруклинскиот музеј во Њујорк се одржа и официјална TEDxYouth конференција која беше на иста тема. За нас, најважниот параметар според кој се водевме при изборот на говорници беше да имаат да споделат нешто инспиративно што ќе ѝ отвори нови хоризонти на публиката како и на луѓето кои потоа ќе ги гледаат видеата на интернет. Се надеваме дека сме успешни во мисијата – велат членовите на организацискиот тим на TEDxYouth@NovaSchools кои воедно се средношколци во училиштето НОВА.

TEDxYouth

TEDx настаните се одржуваат под лиценца добиена од светски познатата непрофитна организација TED која организира годишни конференции од големи пропорции на која говорници биле еминентни личности како Бил Гејтс, Хилари Клинтон, Ал Гор, Боно и многу други. TEDx настаните се креираат според правила пропишани директно од TED и целта е да се разменат идеи и ставови и на локално ниво.

TEDxYouth 2

За присуство на TEDxYouth@NovaSchools сите заинтересирани мора да аплицираат и воедно не се наплаќаа билети. Конференцијата ја поддржаа спонзорите: SONY, Zonta Club of Skopje, Arcuss, Скопска пивара, Singular, Unet Cloud, VERO, Turkish Airlines, 3D Project Studio и асоцијацијата на родители и професори од НОВА.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии