Мила Царовска: Единствен случај досега на позитивен наставник при физичка настава
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2020
Мила Царовска, министерката за образование, потврди дека случајот во основното училиште „Гоце Делчев“ во Центар каде една од наставничките која води прво одделение е позитивна на корона вирусот, е прв таков до сега во земјата.
- Ова е единствениот случај досега на позитивен случај на наставник при физичка настава. До сега претходно имало пет позитивни наставници откако започна новата учебна година, но тие одржувале онлајн настава, рече Царовска.
Во изолација во моментов се 15-те ученици и колешката на наставничката, со која заедно го водат одделението, а наставата ќе ја продолжат онлајн.
Царовска додаде дека учениците ќе продолжат да носат заштитни маски при физичката настава.
- За носењето маски кај учениците одлучува Комисијата за заразни болести. Ние ќе продолжиме да ги практикуваме протоколите, додаде министерката.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.