Милевски ја соопшти официјалната одлука на ЛДП: Ако се прифати францускиот предлог, излегуваме од Влада
Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2022 10:05
Горан Милевски, претседателот на ЛДП, рече дека Извршниот одбор на коалициониот партнер од владеачкото мнозинство синоќа го отфрлил францускиот предлог за Македонија, онаков како што е претставен во медиумите.
Министерот за локална самоуправа на социјалните мрежи претпладнево информира дека неговата партија го бара францускиот предлог на увид во официјална писмена форма.
„Синоќа, Извршниот одбор на ЛДП го отфрли Францускиот предлог кој циркулира во јавноста. Бараме да се достави на увид на министрите и пратениците и да се отвори дебата по истиот.
Очекуваме сите политички чинители да ја отфрлаат оваа верзија. Ги детектиравме сите слабости на предлогот и очекуваме нивна корекција. Министерот и пратениците од ЛДП да се борат за ставовите на ЛДП и да ги заштитат македонските национални интереси.
Доколку сепак се прифати Францускиот предлог во оваа верзија, Извршниот одбор одлучи, ЛДП да ја напушти Владата и за оваа одлука ќе побара согласност од Централниот одбор на партијата, доколку дојде до таа ситуација“, напиша тој.
Можеби ќе ве интересира
Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка
„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката
ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6
Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата




