Милијарда и сто милиони денари од државата за сточарите
Објавено во: Агробизнис 21 Февруари, 2018 11:14
Од државата оваа година ќе бидат одвоени вкупно милијарда и сто милиони денари за сточарите за одгледување на добитокот.
Сточарите кои одгледуваат крави ќе добијат по 2.800 денари за животно.
Дополнително можат да побараат субвенција од 1.500 денари за женски глави
добиток не постари од 12 до 24 месеци до октомври 2018-та година и кои не
произведуваат млеко.
За предадено или заклано говедо во кланица за периодот од мај 2017-та до април
2018-та година, фармерите ќе добиваат по 1.500 денари. Овчарите за најмалку 30
обележани овци ќе може да добијат по 1.000 денари за секоја, а за сочувано
женско јагне по 700 денари. Субвенциите се исти и во козарството со услов фармерите да имаат стадо од
минимум 10 кози.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





