16 Декември, 2025
0.0343

Милијарда од Емиратите за Србија: за што ќе се трошат, како ќе се враќаат?!

Објавено во: Балкан 07 Март, 2014 08:11

Добивај вести на Viber

Емиратите на Србија и одобрија заем вреден милијарда долари со цел зајакнување на врските со оваа балканска држава, наведува француската агенција Frans pres, потсетувајки дека ова е најголемо вложување на ОАЕ во Србија. -Овој договор ќе допринесе  за зајакнување на соработката и односите помеѓу ОАЕ и Република  Србија, пренесува АП дел од соопштението на Секретаријатот на Абу Даби за финасии. Француската агенција потсетува и дека минатата година ОАЕ и Србија отворија амбасада во Белград, односно Абу Даби, како и дека покрај 49 одсто од акциите на "Er Srbija" на "Etihad " му доделен петгодишен договор за управување со српската авиокомпанија. Италијанската агенција ANSA пак наведува дека во склоп со договорот околу заемот, 100 милиони долари ќе бидат издвоени за земјоделство, од кои поголем дел ќе се искористи за системи за наводнување. Покрај потсетувањата на инвестирањето на Емиратите во "Er Srbijа", ANSA потецира дека во Србија е склопен договор и за „Белград на вода“, кој опфаќа изградба на голем трговски центар и Кула Белград . -Луѓето во Србија треба да знаат дека никогаш ништо вака поволно не сме добиле од никој, ниеден заем кој би бил вака добар и под вака поволни околности како што се овие, ја пренесува италјанската агенција изјавата на подпретседателот на Српката Влада Александар Вучиќ. Сепак овој кредит е далеку од трите милијарди евра кои и се потребни на Србија и тоа може да го разниша финансискиот план на државата. Информациите од крајот на минатата година покажуваат дека Србија била задолжена огромни  2.185.920.841.586 динари, а со нереформирана економија и во економска криза тешко добива поволни кредити за да ги отплати долговите што доспеваат. Пресметката покажува дека за да ги отплати долговите дома и во странство цела Србија треба да работи 2,5 години, а притоа да не потроши ниту динар!
 К.К.
 

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството