06 Декември, 2025
0.0315

МИЛИЈАРДЕРОТ ПРЕДУПРЕДИ НА ГОЛЕМА ЗАКАНА ЗА ЧОВЕШТВОТО: Поради ова луѓето ќе ја губат работата!

Објавено во: Финансии 29 Јануари, 2018 09:08

Добивај вести на Viber

Сопственикот на онлајн сајтот за трговија Алибаба, милијардерот Џек Ма, тврди дека новите технологии на почетокот секогаш создаваат хаос, и дека бројни луѓе ќе изгубат работа поради напредокот во роботиката и вештачката интелигенција.

Во интервју на овогодинешниот Светски економски форум во Давос, извршниот директор и основач на Алибаба говореше детално за некој од најголемите предизвици со кои светот денес се соочува.

„Вештачката интелигенција и "big data" се закана за луѓето. Јас мислам дека вештачката интелигенција би требало да им помага на луѓето. Технологијата секогаш требало да биде нешто што го подобрува животот на луѓето, а не да им го отежнува. Компјутерите секогаш ќе бидат попаметни од вас, тие не забораваат, не се лутат. Но компјутерите никогаш нема да бидат мудри. Вештачката интелигенција и роботите ќе уништат бројни работни места, кои во иднина ќе ги заземаат машините. Услужните индустрии нудат надеж, но тоа мора да се организира на еднаков начин“, порачал Ма.

Рекол дека имаме и среќа бидејќи светот се наоѓа насред голема трансформација благодарение на технологијата.

„Оваа нова технологија ќе создаде многу успешни луѓе и интересни кариери, но искрено, секоја нова технологија создава и социјални проблеми“, рекол Ма и додава дека „ако не се поврземе, човечките битија меѓусебно ќе се борат, бидејќи секоја технолошка револуција го дестабилизира светот“.

Ма говорел и за односот на жените и компаниите, и порачал дека ако некој сака успешна фирма тогаш жените се најдобри за да ја водат.

Рекол и дека 37 отсто висок менаџмет во Алибаба се жени.

„Некој вид на „тајна состојка“ на нашиот успех е тоа што имаме толку колешки“, порачал тој.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција