20 Април, 2024
0.0252

Милијарди долари за предвремена исплата на дивиденди

Објавено во: Анализа 06 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Бидејќи изборите во САД поминаа сега компаниите и бизнисите се концентрираат на последиците околу фискалниот амбис за кој веќе пишувавме во Фактор. Последиците од одлуките кои ќе се донесат пред или после Нова година може да бидат клучни за она што ќе се случува со економската иднина на земјата. Она што е најстрашно во овој период е несигурноста. Токму поради тоа во моментов се случуваат доста интересни работи кои се некарактеристични за нормално економско опкружување. Една од реперкусиите на новите даночни промени кои треба да се случат после Нова Година е и драстичното зголемување на данокот кој компаниите треба да го платат, кога ќе исплаќаат дивиденда. Поради тоа изминатиов период се случија неколку интересни работи: Компанијата Костко е една од најголемите компании во светот кои се занимаваат со големопродажба, а воедно и е седма компанија во САД која е во малопродажниот бизнис. Сакајќи да игра на сигурно раководниот тим реши предвреме да исплати дивиденда, со цел евентулано да заштеди доколку дојде до зголемување на данокот. А навистина и ќе заштеди со оглед на тоа дека планира да исплати 3 милијарди долари во предвремена дивиденда. Инаку тоа е еднакво на она што нашата земја го произведува за 4 месеци. Што би рекло доколку овие пари се даночат по новите правила тоа ќе значи сериозен удар за фирмата. За да ја оствари целта Костко се реши да издаде обврзници со кои ќе ја финасира исплатата. Сакајќи да ги искористат поволностите за супер ефтините кредити кои се достапни благодарение на политиката на ФЕД-от, голем број на компании се решаваат на вакви неконвенционални чекори. Производителот на нафта, Марфи Оил, со цел да подели 600 милиони долари дивиденда ќе издава три типови на обврзници со разни рокови на доспевање, се со цел да се спаси од повисоките даноци кои треба да следуваат. Инаку со евентуланите промени данокот на исплатена дивиденда може да достигне неверојатни 40%, споредено со денешните 15%. Исто така данокот на капиталната добивка ќе порасне од 15 на 20%. Проблемот дополнително настанува и поради тоа што компаниите не сакаат кешот што го чуваат надвор од САД да го вратат дома,а немаат доволно пари да финасираат предвремена исплата на дивиденда. И поради оваа причина во ноември беа издадени рекорди 100 милијарди долари хартии од вредност кои компаниите генерално би ги користеле за исплата на дивиденда. Споредено со овие даноци, нашите делуваат навистина смешно. Како што може да видите зголемувањата се навистина драконски. Прашање е секако која теорија е точна. Според големиот Ворен Бафет доколку даноците се големи тоа нема да ведестимулира да заработувате, впрочем доколку вие сте способни да заработите 100 долари, а после даноците ви останат да речеме 60, тоа е секако подобро од 0. Бизнисот како што велат мора да врти. Од друга страна критичарите на Обама сметаат дека овие мерки само дополнително ќе го забават и веќе спориот раст. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!