Милијарди за пензии, плати и социјално - На што се трошат јавните пари?
Објавено во: Финансии 03 Октомври, 2017 09:38
Новата влада иако направи ребаланс на буџетот наследи финансиска конструкција создадена од претходното владино раководство, но и без оглед на промените државната каса е најмногу оптоварена со неизбежните ставки за плати за администрацијата, пензиите и социјалните трансфери, па дури и субвенциите кои спаѓаат речиси во оваа трета категорија со оглед на анализите дека земјоделието не ги даде посакуваните ефекти. Според податоците една четвртина од сите плаќања годинава од државниот буџет се наменети за пензии, а ако се додадат погоренаведените ставки доаѓаме до речиси 40% од буџетот наменет само за социјалната компонента на јавната каса. Заедно со плаќањата за здравствена заштита буџетот издвојува за овие три ставки повеќе од половина од сите буџетски плаќања кои изнесуваат 3,29 милијарди евра.

За најголемата расходна ставка - за пензии од државниот буџет годинава вкупно ќе бидат исплатени 51,9 милијарди денари (повеќе од 841 милиони евра) и тоа е 25,5 отсто од сите расходи на буџетот за оваа година. Вкупните расходи на буџетот, според публикацијата се 203,3 милијарди денари односно 3,295 милијарди евра. Буџетскиот дефицит е 18,6 милијарди денари односно 301 милиони евра, а буџетските приходи се проектирани на 184,7 милијарди денари односно 2,99 милијарди евра.
Втората најголема расходна ставка здравствената заштита ќе чини 27 милијарди денари што е еквивалент на околу 450 милиони евра. Тоа е 13,3 отсто од сите буџетски расходи. Дали граѓаните се задоволни од здравствените услуги? Тоа е многу „жешка“ тема...
Трета најголема расходна ставка се платите на државната и на јавната администрација кои се финансираат од државниот буџет. За нив се наменети 26,6 милијарди денари односно околу 450 милиони евра. Тоа е 13,1 отсто од сите буџетски расходи годинава.
Директно за македонската економија се дел од расходите во четвртата по големина расходна ставка, а тоа се набавките на стоки и услуги. За таа намена годинава се трошат 17,6 милијарди денари и тоа е 8,6 отсто од сите расходи. Оваа ставка е директно влијание од буџетот за домашниот бруто домашен производ, но само дел од парите одат во домашните фирми и тоа оние за услуги. Значаен дел од стоките се со увозна компонента, а има и услуги со такво потекло. За жал, нема официјален податок колкав е стимулот за домашната економија од ставката стоки и услуги.
Петтата по големина ставка се трансферите за единиците од локалната самоуправа и таа носи 8 отсто од буџетските расходи односно 17 милијарди денари.
Следуваат субвенциите и трансферите со 15,5 милијарди денари, а социјалните трансфери носат 9,8 милијарди денари. За камати се 8,2 милијарди денари, а за транзициски трошоци за вториот пензиски фонд се 6 милијарди денари односно 100 милиони евра.
Новото владино раководство преку годишниот ребаланс успеа да направи пренамена на дел од средствата кои ќе ги искористи за новите политики како минималната плата, надоместот на стечајците, студентската гаранција и други најавени проекти во почетна фаза.
Веќе со креирањето на буџетот за следната година ќе можеме подетално да видиме што СДСМ и владината коалиција ќе спроведе од ветената политичка програма преку јавните финансии, но јасно е дека високите ставки за пензии, административни плати, субвенции и социјални трансфери нема значително да се променат.
Р.Ф.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





