05 Декември, 2025
0.0976

МИЛИОН ЕВРА ЗА СНЕГОТ ВО СКОПЈЕ: Општините со милионски договори во предизборие

Објавено во: Економија 27 Август, 2021 07:30

Добивај вести на Viber

Општинските тендери во предизборие главни на системот за јавни набавки. Проектите и огласите испливаа меѓу највредните по сума, а се заклучуваат сега, откако огласите биле објавени пред да бидат и официјално распишани изборите.

Еден од најголемите договори склучени во последната недела е на градот Скопје. Станува збор за договор за возила кои во зимски услови ќе го чистат снегот од градските улици. Градската администрација на чело со градоначалникот Петре Шилегов се договори со фирмата „Аполо инженеринг“ ДОО, која за 1,055 милиони евра ќе ја врши оваа услуга. Договорот е рамковен на 28 месеци, а фактурите ќе се плаќаат по 30 дена откако ќе се изврши услугата. Ако има многу снег, сепак, и услугите ја надминат сумата предвидена во договорот, најверојатно Градот ќе треба да распишува и нов оглас. Ако нема снег, сумата не мора да биде исцрпена.

Меѓу поголемите тендери во последната недела е и тој на општина Гостивар. Склучила договор со градежната компанија Пелагонија АД Гостивар вреден 1,8 милиони евра. За тие пари фирмата треба да реконструира улици и патишта во општината.

Втор по големина по овој е тендерот на општина Гази Баба – се однесува, слично, за реконструкција на улично осветлување преку набавка на паметни лед светилки. За ова општината ќе плати 1,7 милиони евра, а договорот е во времетрање од 44 месеци.

Општината Ѓорче Петров пак ја ангажира фирмата Ленди груп ДООЕЛ. Таа за 570 илјади евра ќе треба да реконструира улици во повеќе села во општината - Волково, Кисела Јабука, Ново село.

Во јуни годинава, Центарот за граѓански комуникации објави дека  сите 80 општини плус Градот Скопје за јавни набавки во кризната 2020 година потрошиле вкупно 129 милиони евра. Единиците на локална самоуправа склучиле вкупно 3.454 договори за јавни набавки со 1.164 фирми.

Најголемиот договор за јавна набавка склучен од страна на општините е на Градот Скопје со градежната компанија Гранит од Скопје во вредност од 6 милиони евра за втората фаза од изградбата на булеварот АСНОМ во скопски Аеродром.

Втор по вредност е исто така тендер на Град Скопје, од 2,6 милиони евра, со фирмата Ју-Бај од скопското село Бојане за реконструкција на булеварот Никола Карев.

Третиот според вредност тендер на локално ниво е на Општина Гостивар во вредност од 2,3 милиони евра со тетовската фирма Аќуа-Инженеринг за изградба на фекална и атмосферска канализација во општината.

Интересно е што само две фирми кои и во 2019 година биле меѓу првите десет, успеале да останат на таа листа и во 2020 година. Тоа се тогашниот лидер Ју-Бај од село Бојане, кој во 2020 година, пак, падна на четвртата позиција и вицешампионот од 2019 година – Пуцко Петрол кој според вредноста на локалните тендери, во 2020 година е на 6. позиција.

Анализата на податоците покажува дека пораст на вредноста на набавките има кај Градот Скопје и 20 општини, додека намалување е евидентирано кај 61 општина.

А.Т.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември