18 Декември, 2025
0.2906

Милионер се откажа од кариерата поради една вистинска причина!

Објавено во: Свет 27 Септември, 2014 11:59

Добивај вести на Viber

Мохамед Ел-Еријан, извршен директор на инвестицискиот фонд ПИМКО чија вредност се проценува на две милијарди долари, го шокираше финансискиот свет кога во мај 2013 година си даде неотповиклива оставка. За причините за оставката на работното место, кое во 2011 година му донесе заработувачка од 100 милиони долари, молчеше до скоро. Деновиве најпосле го откри својот мотив. На новинарите им раскажал дека доживеал вистинско просветлување во текот на една кавга со својата 10-годишна ќерка. Се карале околу миењето заби, а таа налутена отишла во својата соба и му донела лист хартија. „На тој лист беа напишани сите важни настани во нејзиниот живот кои ги пропуштив заради работните обврски“, вели 56-годишниот поранешен менаџер. „Вкупно набројала 22 такви настани - од првиот ден на училиште и првиот фудбалски натпревар, до родителски состаноци и паради за Ноќта на вештерките“. „Се чувствуваб ужасно и почнав да се оправдувам. Имав добар изговор за се - патувања, важни состаноци, телефонски повици“, се присетува Ел-Еријан и додава: „Тогаш сфатив дека пропуштам еден бескрајно важен факт - напросто не одвојувам доволно време за своето дете!“ Додека работел, Ел-Еријан заминувал на работа во 4:30 часот наутро и понекогаш со недели не се враќал дома заради работни обврски. Сега секое утро се буди покрај сопругата, ја буди својата ќерка, и подготвува доручек и ја носи на училиште. Вели дека и пари не му недостигаат - наместо полно работно време, работи добро платени хонорарни работи со флексибилно работно време и без многу службени патувања, како што е обврската во Алијанц, каде што има титула главен економски советник.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина