29 Септември, 2024
0.0258

Милионерите од Кавадарци! Кои се тие и колкумина ги има?

Објавено во: Економија 17 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Една милијарда евра се приходите на најголемите пет компании од Кавадарци во 2021 година! Ова е податок за симнување капа и доволен илустратор за тоа колку е силна и голема индустријата во Кавадарци. Убедливо најпрофитабилна компанија лани е локално поседуваниот гигант ИГМ Трејд сопственост на семејството Гечеви

Кавадарци не е само град на еснаф-луѓе, центар на виното и на серенадата – уникатната староградска музика, традиција и културна ризница што ја чуваат и негуваат во ликот и делото на Никола Бадев, на која се особено горди неговите жители. Кавадарци е град и на големи бизниси и силни претприемачи, луѓе кои редовно го кршат митот дека во Македонија бизнис може да се води само во Скопје.

Кавадарци е град распослан во централна Македонија близу до најголемата река Вардар, во областа Тиквешија – синоним за производство на грозје, вино и ракија. Општина со помалку од педесетина илјади жители која го држи приматот (макар и неофицијално) на регион со најголем брутодомашен производ по глава на жител, со силна и разнообразна индустрија.

Овој град во својата локална економија ангажира странски реномирани компании, но и домашни стар-ап бизниси кои делуваат регионално или дури и глобално.

Во 2021 година, која беше под знакот на корона кризата кавадаречките бизнисмени генерално успеаја успешно да се изборат со сите големи предизвици кои ги донесе најголемата глобална здравствена криза предизвикана од вирусот Ковид-19.

Илија Гечев е ко-сопственик и основач на најголемата домашно поседувана кавадаречка компанија. Станува збор за челичарницата ИГМ Трејд која лани оствари приходи во износ од 183 милиони евра што е за речиси 70 отсто повеќе од претходната година. Резултатот е очекуван со оглед на огромниот раст на побарувачката на челици особено по експанзијата на нарачки за нови бродови на светско ниво. Очигледно дека ИГМ Трејд успешно одговори на предизвиците на зголемената побарувачка. Добивката на компанијата изнесува над 51 милиони евра што е за три пати подобар резултат од 2020 година.

Уште пет фирми поседувани од кавадарчани лани имаат приходи поголеми од 10 милиони евра!

Кавадарци има одлична бизнис клима. Ја создаваат големите индустрии како ИГМ Трејд, гигантот Еуроникел Индустрис поранешно Фени , тутунскиот гигант Алајанс Уан и најголемиот вработувач на работна сила во тој регион Дрекслмајер Манифактуринг Македонија компанија супортер на глобалната автомобилска индустрија.

Оваа економска база создава идеални услови за развој и просперитет на локалната економија. Токму затоа и не чуди тоа што Кавадарци има дури пет компании кои лани имаат приходи поголеми од 10 милиони евра.

Црна Река Петрол е најголем трговец на големо со нафтени деривати во тој регион. Сопственик е каварадчанецот Лазар Мицев кој може да се пофали дека лани неговата компанија снабдила нафтени деривати во вредност поголема од 74 милиони евра! Резултатот на Црна Река Петрол лани е за над 70 отсто подобар од претходната година која ја одбележи корона кризата. Добивката на Мицев е 465.000 евра.

Трговската фирма на Зоран Јованов е „Слога Пром“ која долги години е присутна на нашиот пазар. Лани приходот изнесуваше 20 милиони евра што е за повеќе од 10 отсто подобар резултат од претходната година. Добивката на Јованов за минатата година е 868.000 евра.

Уште еден голем играч од таа дејност е „Слога Интернационал“ на Ласко Јованов. Оваа компанија лани оствари приходи од 16 милиони евра, а оствари добивка од речиси 40.000 евра.

Во милионерите на кавадаречката бизнис сцена е и компанијата на актуелниот градоначалник Митко Јанчев. Пијалоците од брендот на „Кожувчанка“ лани генерираа приходи од 12,5 милиони евра. Добивката на семејната фирмата на братот и сестрата Јанчеви е 400.000 евра што е за 45 отсто подобар резултат од претходната година.

Во друштвото на локално поседувани фирми кои лани имале приходи повисоки од 10 милиони евра е и локалниот бренд „Бадев“ друштво за дистрибуција на стоки за широка потрошувачка. Сопственик е Ѓуре Бадев, а неговата компанија лани генерирала приход од 10,6 милиони евра и во острата конкуренција ја подобрила пазарната позиција за 5 отсто. Добивката не е за потценување и е пристојна и изнесува 214.000 евра.

Меѓу најпрофитабилните кавадаречки фирми ИГМ-Трејд, Алајанс Уан, Еуроникел Индустрис - поранешно Фени, Дрекслмајер, гигантот „Тиквеш“ и болницата „Нефроплус“ се најде и една локална кавадаречка компанија специјализирана за рударски ископи. Станува збор за фирмата на кавадарчанецот Лазар Пончев која се вика Машинокоп и повеќе години наназад е една од најголемите кавадаречки компании. Нејзиниот приход лани изнесувал 8,7 милиони евра, а добивката била 1,7 милиони евра.

·Сите податоците се од базата на Централниот регистар

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија