Милионски суми за развој на земјоделството, а бројките на терен бележат пад!
Објавено во: Агробизнис 18 Јуни, 2014 09:51
- Има многу фактори што влијаат, не се само субвенциите кои иако секоја година растат не даваат ефект. Треба да се земе во предвид начинот на производство и се поголемиот процент на чинење на земјоделското производство, земјоделците секоја година одвојуваат се повеќе пари за производствениот процес. Од друга страна секоја година податоците од терен говорат дека секоја година е се помала висината на цената на земјоделските производи, се потешки се условите.Климатските промени си го направија своето, се помал е процентот на производство од одредени производи. Мислам дека и во иднина се помал ќе биде бројот на оние што егзистенцијата ќе ја бараат во земјоделството. Од терен сме сведоци дека од 2007 години почнаа да се доделуѕваат се повисоки субвенции , за годинава 150 милиони евра, но дали таа сума стигнува до вистинските земјоделци и колкав процент стигнува до нив? Се тоа влијае земјоделците да ги напуштаат нивите и да го намалуваат добитокот, вели Ристо Велков, претседател на Регионални синдикати на земјоделски производители.Дел од земјоделците укажуваат дека субвенциите треба да се исплаќаат тековно, односно во разумен рок од времето на аплицирање.
Луѓето се доведуваат во состојба да не можат да опстанат, производството не е рентабилно, ако јас имам аплицирано за субвенции за предадено кравјо млеко во преработувачки капацитет во првите 4 месеци од 2013 година, еве сеуште немам добиено субвенции. И нормално е, луѓето се принудени да го намалат производство, добитокот, зошто не можат да опстанат. Субвенциите треба да се исплаќаат тековно, по апилицирањето да помине еден разумен рок од 30 дена и да се исплатат, вели Нахил Елези, земјоделец.Се намалуваат површините со пченица, бројот на свињите, а шеќерната репка е исчезната Статистичкиот годишник покажува сериозни промени во земјоделството сега и пред 26 години. Така некогашните 295.397 тони пченица во 1988 година, лани производството било 258.960 тони. Во однос на површините од ожнеани 88.151 хектари со пченица во 2009 година, лани се ожнеале 80.980 хекатри. Еве како се движело производството на пченица:
Од друга страна кај пченката се забележува пораст. Во 1988 гдоина производството на пченка изнесувало 73.956 тони, потоа во годините што следат се зголемува, рекордна година со производство од 160.550 тони била 1999-та, но потоа повторно следи намалување, за лани производството на пченка да изнесува 131.043 тони. Намалување бележат и оженаните површини со јачмен. Така ако во 2009 година биле ожненани 48.662 хекатри со јачмен, лани бројката е намалена на 41.944 хекатри. Кај индустриските култури, само тутунопроизводството бележи зголемување. Од некогашни 106.420 тоно шеќерна репка во 1990 година, последните 7.852 тони се производени во 2007 години. Од 2008 година до лани нема ниту хектар посеан со шеќерна репка. Статистиката регистрира намалување и на површните со сончоглед. Од ожнеаните 4.138 хекатри во 2009 година, лани биле ожнеани 2.458 хекатри. Во исчезнување е и афионот, површините од 618 хекатри во 2009 година, минатата година се намалени на 103 хектари. Зголмување е регистрирано на површините со тутун. Ако во 2009 година имало 17.800 хекатри, лани бројката е зголемена на 19.178 хекатри.
Постојно од 2005 година наваму се зборува за зголемување на субвенциите, а од друга страна имаме намалени површини со пченица и скапа храна за јадење, која што не поевтинува, иако една од потребите зошто се даваат субвенциите е за да имаме поевтина храна. Сметам дека субвенциите треба да бидат регулатор на пазарот, ако земјоделцеот има загуба, со субвенциите тоа да се покрие, а сега тие не се регулатор, немаат ниту економска ниту социјална компонента, туку политичка, вели Трајан Димковски од Рурална коалиција.Во делот на сточарството, се забележува намалување на добиточниот фонд. Кај говедата од 260.000 грла во 2003 година, лани бројката се намалила на 238.000 грла добиток. Во свињарството, од 179.000 свињи во 2003 година, во 2013 –та бројот на на свињите е намален на 167.000 свињи.Најалармантна е состјбата кај овците, од 1.239.000 овци во 2003 година, лани имало 732.000 овци. Намалување е регистрирано и кај живината, ако 2003 година имало 2.417.000 живина, лани броката е намалена на 2.202.000 живина. Според статистичките податоци зголемување има на површините со јаболки и грозје, а намалување на површините со домати.
Вкупното производство на месо и сурови маснотии од 2009 година до лани бележи намалување. Во 2009 година производството иснесувало 25.362 тони, а минатат година е намалено на 20.856 тони. Намалување е регистрирано кај говедското, овото и живинското месо, додека минимален пораст има кај свинското месо.
Се намалуваат обработливите, а се зголемуваат необработливите површини
Според статистичките податоци, се заблежува и намалување на обработливите површини. Вкупната земјоделска површина во бележи зголемување, во 2009 година била 1.014.000 хекатри , а лани 1.261.000 хекатри. Но обработливата површини во 2009 година изнесувала 513.000 хекатри, а минатата година се намалила на 509.000 хекатри. Намалување се регистрира кај ораниците, кои во 2009 година зафаќале 420.000 хектари, а лани 413.000 хекатри. Овоштарниците, лозјата и ливадите немаат некои посерозни нагорни или надолни осцилации.Наспроти намалените хекатри со обработлива површина, статистиката регистрира благ пораст на необработливите површини. Така ако пред 4 години имало 126.000 хекатри угари и необработливи површини, лани оваа бројка е зголемена на 132.000 хектари.
Во земјава има над 170 илјади земјоделски стопанства, а земјоделствто учествува со 12 отсто во бруто-домашниот производ. Дури една петтина од работната сила во земјава работи во земјоделството. Според податоците од вкупниот извоз, 10 отсто отпаѓа на земјоделството. Токму поради овие факти, агроекономистите и земјоделците укажуваат дека субвенциите мора да имаат развојна компонента и да се насочат кон стратешките земјоделски гранки.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





