Милош Земан: И благодарам на Русија дека не треба да кажуваме „Хајл Хитлер“
Објавено во: Свет 30 Март, 2015 12:22
Претседателот на Чешка, Милош Земан ќе ја посети Москва во врска со парадата на Победата на 9 мај.
Тој тоа го открил во интервју за радио станицата „Frekvence1“, пренесоа руските медиуми.
„Јас ќе одам во знак на благодарност поради тоа што во Чешка не треба да се зборува на германски јазик, не треба да велиме „Хајл Хитлер“. Без Советскиот Сојуз Хитлер немаше да биде поразен. Цената е 20 милиони загинати (советски граѓани)“, истакнал Земан.
Според него одбивањето на германската канцеларка Ангела Меркел да учествува на парадата се јавува како нормална „политичка итрина“.
Според него оние кои велат дека СССР ја „окупирала“ Чехословачка во 1945 треба добро да ја научат историјата.
Можеби ќе ве интересира
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“




