30 Септември, 2024
0.0478

МИЛОШОСКИ: Димитров однапред знаел за можен нов штетен договор со Бугарија, но додека бил функционер молчел

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Тоа што го спомена вицепремиерот за евро интеграции Никола Димитров, дека е можен уште еден штетен договор со Бугарија, само потврдува дека тој однапред знаел за подготовката на ваквиот можен следен штетен договор со Бугарија, но додека бил функционер во Владата молчел, смета пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Тоа што го спомена Димитров, дека е можен уште еден штетен договор со Бугарија, само потврдува дека Никола Димитров однапред знаел за подготовката на ваквиот можен следен штетен договор со Бугарија, но додека бил функционер во Владата молчел, а откако видел дека нема да биде член на Владата се решил да прозбори што е неморално, но во секој случај ризикот од ваквиот договор не го намалува и затоа треба да бидеме сериозни и внимателни“, изјави денеска во Собранието пратеникот Милошоски.

Вчерашните изјави дадени од Димитров и јавно изнесената недоверба до неговиот доскорашен колега министерот за надворешни работи Бујар Османи, според Милошоски, покажува дека и Димитров и Османи се само „лице” и „опачина” на една иста паричка која што во Владата претставува „интерес за нејзино опстанување односно личната кариера”.

Во однос на најавите за можна средба меѓу лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Ковачевски и Христијан Мицковски, Милошоски рече дека таква покана уште не стигнала до партијата, но, напомена дека доколку стигне ќе биде прифатена под услов на средбата да се разговара за „предвремени избори како единствено логично решение за излез од сегашната длабока криза во која што се наоѓа државата”.

Исто така, да се разговара и за содржината на одговорите кои што нашата држава ги има дадено до официјална Софија на нивно барање по формулата 5+1, како и за зголемени ангажмани за борба против криминалот и корупцијата.

Под тие услови и доколку стигне покана, би биле сосема расположени истата да биде прифатена и да се оствари средба и разговор, додаде пратеникот Милошоски.

Можеби ќе ве интересира

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО