Милошоски: Катица Јанева го претвори СЈО во приватна забава на СДСМ
Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2016
Антонио Милошески на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ упати серија на тешки обвинувања против специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која новата институција ја претворила во приватна фирма за потребите на СДСМ вработувајќи голем број на сомнителни кадри, како и свои роднини и пријатели.
„Катица Јанева и нејзиниот тим не само што го претворија Специјалното јавно обвинителство во партиска испостава на СДСМ, туку без било каков пардон се повеќе симпатизери, внуци, роднини, пријатели и други луѓе, вдомуваат на државен буџет. Со ваквите постапки, госпоѓата Јанева ги потврди мислењата на граѓаните дека СЈО не работи ниту професионално, ниту неселективно, туку претпочита партиска работа, политички активизам и роднински непотизам. Катица Јанева заборава дека е избран функционер и дека не раководи со приватна фирма за да може да вработува кого сака и како сака, туку работи со државна институција основана од Собранието која што треба да даде отчет и пред институциите и пред граѓаните“ соопшти Милошоски.
ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка на СЈО но, очекува дека и другите партии, потписнички на договорот за формирање на ова обвинителство, ќе ги споделат овие критики, ќе укажат дека СЈО не е место за приватна забава, не е место за приватно вработување на роднини и на партиски лица.