МИЛОШОСКИ МУ ПИША НА ПРЕМИЕРОТ - двата документи за Бугарија кои ги имате во Кабинетот, да ги доставите до пратениците
Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2022 10:35
Пратеникот Антонио Милошоски, кој е и претседател на на Комисијата за надворешна политика во Собранието, бара од премиерот Димитар Ковачевски да ги достави до Собранието двата документи за Бугарија.
„За документите кои се однесуваат на Македонија, владата нема право истите да ги крие од јавниста, туку има уставна и морална обврска да прифати и да учествува во собраниска расправа“, пишува Милошоски на фејсбук.
Еве што тој му напиша на премиерот Ковачевски.
„Како претседател на Комисијата за надворешна политика барам од Вас во текот на денешниот ден да им ги доставите на пратениците во Собранието двата документи кои што ги имате во Вашиот кабинет.
Прво, Протоколот кој сде однесува на Договорот за добрососедство со Бугарија кој е изработен и усогласен со учество на владинби пртетставници од македонија и Бугарија и
второ, Преговарачката рамка која ви е доставено од француското ЕУ-претседателство и во која билатералните спорови се утврдени како дел од условите за добивање за датумот за преговори.
По доставувањето на овие дба битни документи, уште утре би одржале седница на Комисијата за надворешна политика, бидејќи задутре, кога се одржува седницата на Советот на ЕУ, може да биде и предоцна. Седницата на Комисијата, заради големниот интерес, предлагам да биде отворена за јавноста, но согласно Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, Вие имате право да побарате истата да има и затворен карактер. Право е на Бугарија да си одлучи да дискутира за темната Македонија во нивното Собрание, но за Владата и за Собранието во Македонија ваквата расправа во претставничкиот дом на граѓаните е уставна и моралчна обврска бидејќи се работи за нашата држава“, се вели во дописот од Милошоски до премиерот Ковачевски.
Можеби ќе ве интересира
Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка
„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката
ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6
Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата




