Милошоски: Онлајн седниците се неуставни, ако се инсистира ќе има политичка криза
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2020
Онлајн седници во Собранието се неуставни, вели пратеникот Антонио Милошоски од опозициската ВМРО - ДПМНЕ. Тој додава дека власта ќе се соочи со сериозна политичка криза ако се обиде на мускули да истурка одлука за онлајн седници.
„Од уставно-правен аспект Собранието не може да работи и одлучува преку online апликации, од едноставна причина што постои јасна уставна норма (чл.69) која налага присуство на собраниските седници, на мнозинство од вкупниот број на пратеници. Така ако бил Уставот за онлајн сесии ќе пишувало учество, а не присуство.., како што прецизно е утврдено и со Деловникот, вели Милошоски.
Според него од етички аспект, би било нееднаквост доколку пратениците физички не одат на работа во Собранието, а во исто време се бара градежниците, медицинскиот персонал, продавачите, возачите, наставниците, судиите, чиновниците и приватниците физички да бидат на своите работни места за са си ја заработат својата плата.
Фактор утрово напиша дека има предизвик Парламентот да функционира односно да се обезбедува парламентарното мнозинство. Денеска ќе има координација на пратеничките групи со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Почетокот на седницата е закажан напладне. Работата се искомплицира откако беше објавено дека двајца пратеници од владеачката коалиција - Лазе Таневски од СДСМ и Исмаил Јахоски од ДУИ се позитивни на коронавирус. Владејачкото мнозинство во Собранието брои 62 пратеници од СДСМ, ДУИ, Беса и коалициските партнери, а опозицијата има 58 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и Алијанса на Албанците и Алтернатива. Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески изјави дека седницата не е откажана и дека како ќе функционира Парламентот ќе се знае по координативната средба со спикерот. Инаку во Собранието почнува во четврток расправата за ребалансот на буџетот за 2020 година. Сепак тој ќе биде прво на комисиска расправа која може да трае и десет работни дена. За тој период мнозинството може да се комплетира, оти во време кога има собраниски расправи генерално нема пленарни седници. Сепак во Собранието не се усвоени некои клучни закони како тој за задолжување на државата кај Светска банка. Оваа точка е на дневен ред на денешната седница, а други точки се и измените и дополнувањата на Законот за заштита на укажувачи, на Законот за судските такси, на Законот за автокамповите и на Законот за скијалишта, сите во прво читање.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.