01 Септември, 2024
0.0275

Милошоски ослободен и за „измама“ во случајот „Моќник“

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Пратеникот Антонијо Милошоски е ослободен и од делото „измама“ во случајот „Моќник“, откако Обвинителство во фаза на завршни зборови направи преквалификација на делата за преостанатите тројца обвинети за случајот „Моќник“, по што Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која обвинителниот предлог се одбива заради настаната апсолутна застареност на кривично гонење.

Со тоа ослободени од обвинение се и таткото Милош Милошоски и поранешниот градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески, за кои исто така  судењето продолжи за кривичното дело „измама“.

Со измените на Кривичниот законик на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ во октомври лани му му застаре едното дело за случајот “Моќник” за злоупотреба на положба, но продолжи да му се суди за измама.

„Моќник“ е случај што го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство. Прво и второобвинети во случајот се Милош Милошоски и поранешниот градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески, а третообвинет е пратеникот Антонио Милошоски.
Според Обвинителството, прво и второобвинетиот се товарат дека сториле „измама”, третообвинетиот дека сторил „измама” и „злоупотреба на службената положба и овластување”. 

„Согласно направените измени од страна на Јавниот обвинител и тоа во фаза
на завршни зборови, судот, по сила на Законот односно чл. 402 т.6 од
ЗКП, донесе пресуда со која обвинителниот предлог се одбива заради
настаната АПСОЛУТНА ЗАСТАРЕНОСТ на кривичното гонење  согласно чл. 107
ст.1 т. 4 вв со чл. 108 ст.6 од КЗ.
Трошоците на постапката паѓаат на товар на Буџетот на РСМ.
Со почит Основен кривичен суд Скопје“, објави Кривичниот суд.

Тројцата се товареа дека  ги навеле советниците на Македонски Брод да изгласаат одлука за отуѓување на недвижен имот за кој советниците сметале дека е „поранешниот задружен дом“, а всушност одобриле отуѓување на зграда со корисна површина од 157м2 со дворно место од 3.920 м2 во с.Ижишта-Општина Македонски Брод, која ја користела општина Пласница.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски нема да го исполни барањето на Арсовска, а приватните превозници најавија редуциран превоз

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски нема да го исполни барањето на Арсовска, а приватните превозници најавија редуциран превоз

ЈАНЕВСКА: Протестите најавени за утре ги организира СДСМ кој остави буџетска дупка

ЈАНЕВСКА: Протестите најавени за утре ги организира СДСМ кој остави буџетска дупка

СЕ СКАРАЛЕ ВО ДВОРОТ НА ЏАМИЈАТА: Притвор доби тетовчанецот кој со нож го повреди соселанецот во Стримница

СЕ СКАРАЛЕ ВО ДВОРОТ НА ЏАМИЈАТА: Притвор доби тетовчанецот кој со нож го повреди соселанецот во Стримница

ТАТКОТО ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Исчезна малолетничка

ТАТКОТО ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Исчезна малолетничка

УШТЕ ЕДНА РЕАКЦИЈА ОД ГРАД СКОПЈЕ: МОН да ја одобри исплатата на вработените во училиштата под надлежност на Град Скoпје

УШТЕ ЕДНА РЕАКЦИЈА ОД ГРАД СКОПЈЕ: МОН да ја одобри исплатата на вработените во училиштата под надлежност на Град Скoпје

AЛЕКСАНДАР ПАНДОВ: Неопходни се инвестиции во македонскиот затворски систем

AЛЕКСАНДАР ПАНДОВ: Неопходни се инвестиции во македонскиот затворски систем

ГРАД СКОПЈЕ: Наместо конструктивност, од Владата одлучија да се служат со селски итроштини

ГРАД СКОПЈЕ: Наместо конструктивност, од Владата одлучија да се служат со селски итроштини

МИЦКОСКИ НЕМА ДА ГО ИСПОЛНИ БАРАЊЕТО НА АРСОВСКА: Нема да набави 250 автобуси

МИЦКОСКИ НЕМА ДА ГО ИСПОЛНИ БАРАЊЕТО НА АРСОВСКА: Нема да набави 250 автобуси

НЕДЕЛКОВ СЕ ОГРАДИ: Нема да учествуваме на партиски организирани протести

НЕДЕЛКОВ СЕ ОГРАДИ: Нема да учествуваме на партиски организирани протести