30 Септември, 2024
1.4971

МИЛОШОСКИ ОТКАКО ДИМИТРОВ НЕ ВЛЕЗЕ ВО НОВИОТ КАБИНЕТ: Вели дека бил камелеон без датум и без место во Владата

Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, преку фејсбук излезе со жестоки критики за министерот за евроинтеграции, Никола Димитров, откако стана јасно дека тој нема да биде дел од Владата на Димитар Ковачевски. 
Тој на фејсбук пишува дедка Димитров бил „камелеон без датум и без место во владата!“

„Воден од принципите на кариеризмот Никола Димитров пет години ја играше улогата на дипломатска фасада на владата на СДСМ и ДУИ, за возврат на добиената фотеља, статус и повластици. Пред странската јавност се трудеше да ги затскрива владините девијации и институционалниот рекет говорејќи за реформите кои никаде не се случија. Пред домашната јавност упорно манипулираше со најавата на датумот за преговори со ЕУ, кој никогаш не се случи“, пишува Милошоски.
Натаму, вели, „пред шефот и со шефот беше спремен да се фотографира во сите пози само за да ја задржи позицијата на корисен политички камелеон: го сликаше Заев со Трамп и поздравот од две секунди да го пласираше како средба, се сликаа полуголи на одмор, се фотографираа и со сопругите на ранчот во Струмица, возејќи квадрицикли, и се разбира, Димитров успеа да има најширока насмевка на легендарната фотографија од авиончето кога заедно со Заев, Бујар и Анѓушев лажеа дека сме го добиле датумот кој сеуште го немаме“, пишува Милошоски.

„За пет години функција го продаде и достоинството на народот, суверенитетот на Уставот и придавката македонски само со еден потпис, додворувајќи му се на шефот да биде кандидат за претседател на државата. СДСМ објави дека во новата влада нема да има место за овој политички камелеон, со тоа индиректно признавајќи го неуспехот и на Димитров и на целата влада во дипломатијата и во европските интеграции, без членство во ЕУ, а со многу понижувања и манипулации за народот. На крајот од празната фраза на Димитров "ќе не' биде" остана само ЌЕ, а од ветуваното членство во ЕУ останаа само фотографиите во мини Шенген“, пишува пратеникот на својот фејсбук профил. 

Можеби ќе ве интересира

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО