Минарето во Охрид продолжува да „расте“ - изборите поминаа а какво решение ќе понуди Заев?
Објавено во: Македонија 08 Мај, 2019 12:27
Пред скоро два месеци премиерот најави дека решение за Алипашината џамија ќе се бара по изборите а тие поминаа па денеска од Здружението Свест реагираат дека минарето продолжува да се гради.
„Си поминаа изборите и ќе си тераaт по старо.. Опп еве денес 08.05.2019 се спрема нов спрат нa минарето на дивоградбата Aлипашина џамија..Правда нешо..закон нешо..жолт картон нешо..пораката е разбрана нешо..Почитувани 5 мај помина, Охрид нема време да чека!!Довербата повторно ви ја дадовме, Жолтиот картон го испорачавме,не дозволувајте да не изиграте зошто следно е Црвен!!“ - пишуваат од ова здружение на социјалната мрежа Фејсбук.
Премиерот на средбата која ја одржал неодамна токму со ова здружение кажа дека а постои конзерваторско решение за конзервација и реставрација, како што е точно дека нема одобрение за градба.
„Одлучивме, сензитивен период е, доаѓаат избори, Охрид е пример на соживотот и на меѓурелигиското разбирање, за ова прашање заедно на заеднички состанок после 5 мај, да седнеме во Владата и го изнајдеме решението. Законите треба да се почитуваат во државата, но истовремено да ги почитуваме и сите други околности коишто се важни за сите граѓани", рече тогаш Заев.
Дали ќе следи нова изјава по денешната реакција на здружението „Совест“ од страна на надлежните ќе почекаме.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




