02 Декември, 2024
0.0265

Минчо ќе отвора фабрика за сирење, Суташ млекарница, а на терен сурово млеко ни за лек!

Објавено во: Агробизнис 27 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Турски “Суташ”, нова млекарница во Свети Николе, бизнисменот Минчо Јорданов сирењара во Градско, ова се само дел од најавените инвестиции во млечниот бизнис, што наскоро ќе започнат со работа. Проблемот што сега се јавува е како овие фабрики ќе се снабдуваат со суровина, кога на терен сурово млеко нема ни за лек. Според податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство, последните три години драстично е намален откупот на кравјото млеко во земјава. На терен одамна се чувствува недостигот од сурово млеко. Во 2009 година откупот на свежо кравјо млеко изнесувал 116 милиони литри млеко, веќе следната 2010 година е намален на 115 милиони литри, 108 милиони литри кравјо млеко се откупени лани, а годинава заклучно со 22-ри овој месец од фармерите се откупиле само 32 милиони литри кравјо млеко. Засега никој нема одговор, со оглед на официјалните бројки за откуп на млеко, како фамерите ќе одговорат на побарувачката за откуп. Ваквата состојба во млечниот бизнис беше очекувана, по низата торбуленции што ги доживеаја фармерите, најмногу во времето кога се затвори “Свед милк”. Сточарите финансиски исцедени ги продадоа кравите, поради што добиточниот фонд драстично се намали, а со тоа и производството на млеко и млечноста на кравите. -Сега ќе се најдеме во една состојба кога ќе има зголемена побарувачка на млеко, а ќе нема доволно суровина. Наскоро и  “Суташ” ќе започне со откуп, тоа се големи производители кои ќе откупуваат минимум по 100 тона дневно. Има повеќе причини поради кои сега на терен има недостиг од сурово млеко. Прво имаме мал добиточен фонд, а и скапата добиточна храна си го направи своето, изјави за Фактор пред извесен период, професор –др Соња Србиновска од Факултетот за земјоделски науки и храна. Годишната продукција на млеко во Македонија се движи од 2.800 до 3.000 литри од крава.Споредено со земјите од Европската унија каде што продукцијата е 7.000 до 8.000 литри млеко по крава, нашиот фармер со ваква млечност е далку од рентабилно производство. Во земјава има 77 капацитети за преработка на млеко и млечни производи. Поради недостигот на сурово млеко, сега фабриките работат со 40 отсто искористеност на капацитети. Фабрика за сирење во Градско на бизнисменот Јорданов Како што Фактор веќе објави, наскоро овој бизнисмен ќе ја промовира фабриката за производство на традиционално македонско сирење. Овие информации за Фактор ги потврдија и луѓе блиски до Јорданов. Подготовките за производство се при крај, а отворањето на сирењарата треба да случи наскоро. Засега не се открива со колкав капацитет ќе работи сирењарата и како ќе се снабдува со суровина, но се знае дека е сместена во Градско. Извори за Фактор откриваат дека бизнисменот Јорданов веќе го скенирал американскиот пазар, од каде добил позитивни сигнали за пласман на традиционалното сирење. Ј.С.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.