Минималец од 20.000 денари, вети Заев
Објавено во: Економија 28 Јуни, 2020
СДСМ ветува повисоки плати, доколку добие шанса за нов мандат.
Минималната плата до 2024 година, односно до завршување на новиот мандат на СДСМ, ќе изнесува 20.000 денари, а просечната ќе достигне 34.000 денари, најави лидерот на владеачката партија Зоран Заев во денешното обраќање од Штип.
Заев најави и зголемување на пензиите, согласно трошоците за живот, па најниските, како што рече, ќе бидат поголеми за 21 отсто до крајот на новиот мандат на СДСМ.
Тој излезе со предизборно ветување за јавни инвестиции во износ од 2,2 милијарди евра и директни приватни инвестиции од 1,2 милијарди евра. Тоа, како што нагласи, ќе придонесе за намалување на невработеноста на ниво од три отсто на годишно ниво и пад на вкупната стапка на невработеност под двоцифрена граница.
Доколку СДСМ ја добие довербата на граѓаните на 15 јули, Заев најави и изградба на експресни патишта во должина од 300 километри и локална патна инфраструктура во должина од 950 километри, но и уште посериозни гасификациски инвестиции.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.