05 Декември, 2025
0.0295

Минимални права за вработените во агросекторот

Објавено во: Агробизнис 05 Ноември, 2012 16:51

Добивај вести на Viber

Работодавачите од агросекторот не ги информираат вработените за евентуални промени во компаниите или нивното преструктуирање, нема социјален дијалог, а работниците речиси воопшто не се консултирани за важните прашања, велат од Агросиндикатот. Како што изјави претседателот Живко Даневски, ЕУ директивата за информирање и консултирање на работниците на ниво на претпријатие е имплементирана во Законот за работни односи во 2010 година, а во општиот колективен договор за реалниот сектор е вградена годинава. Сепак, истакна тој, во овој сегмент заостануваме десетина години зад Европската унија. „Веќе сме во преговори за клаузулата работодавачот да нема право да ги отпушта работниците на неопределено време ако во текот на годината анагажира повеќе од осум отсто сезонски работници. Идејата е, во соработка со синдикатите од западна Европа, да ги зачуваме работните места особено сега, во период на криза, зашто такви специјалности, обучени лица тешко се наоѓаат, нагласи Даневски. Според него, интензивно се работи на социјалниот дијалог со работодавачите и тука напредокот е многу добар, отворено е прашањето на сезонските работници и утврдена најниска плата во колективниот договор со важност од 1 септември 2012. Тој информираше дека со Организацијата на работодавачи било разговарано договорот за вработување да биде на две години, наместо на една, како и да се гарантира работа во две сезони, а не во една, додека искуствата се собирааат од данските и холандските синдикати.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?