Министерот Николовски најави системски мерки за развој на пчеларството
Објавено во: Агробизнис 21 Септември, 2017 13:00
Денеска официјално се отвори манифестацијата „Денови на македонскиот мед 2017“, на која покровител е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде .
Според официјалните податоци од надлежните институции, во Република Македонија има повеќе од 6.500 одгледувачи на пчели и околу 234 илјади пчелни семејства. Оваа година од аспект на временските прилики беше исклучително лоша за целокупниот земјоделски сектор.
Неповолните влијанија од временските непогоди што се случија годинава, прво екстремно ниските температури, а потоа сушата, нанесоа сериозни штети и во пчеларството.
„Изминатиов период остварив неколку средби со пчеларски здруженија, на кои бев информиран за моменталните состојби во пчеларството и проблемите со кои се соочуваат. Како министерство, работиме на решаваме на сите отворени проблеми во секторот пчеларство, од нелојална конкуренција до финансиска поддршка. Пред месец и половина во еден ден исплативме над два милиони евра субвенции за пчелни семејства. Внимателно ја следиме состојбата на терен и ќе преземаме соодветни мерки во корист на пчеларите“, рече министерот.
Имено, во тек е подготовката на петгодишната Национална програма за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во која што ќе бидат содржани идните мерки за развој на земјоделството, вклучително и за пчеларството, како исклучително значајна стопанска гранка.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





