05 Декември, 2025
0.1637

Министерот Николовски вети финансиска поддршка за пчеларството

Објавено во: Агробизнис 21 Октомври, 2017 14:06

Добивај вести на Viber

Продолжување на финансиката поддршка за пчеларството со мерките во Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, вети денеса министерот Љупчо Николвоски кој во Кочани присуствува на 20-тата манифестација „ Денови на македонскиот мед Кочани 2017“.

Оваа манифестација е одлична можност за граѓаните да се запознаат со врвните македонски пчелни производи, а за пчеларите, да разменат искуства кои ќе им помогнат во унапредување на производството.

Пчеларството е гранка која има посебен придонес во земјоделскиот сектор, од една страна поради големото биолошко значење на медоносните пчели при опрашување на  фуражните, индустриските и овошните култури, но , од друга страна од пчеларството произлегуваат високо вредни пчелни производи.

Освен медот на кој што единствено помислуваме кога ќе се спомене зборот „пчела“, пчелите создаваат и други производи како што е матичниот млеч, поленот, прополисот и друго.

„Познато е оргомното хранливо својство на пчелните производи, и слободно можеме да кажеме дека пчелите поизведуваат нешто што не може да биде произведено ниту во фармацевтските лаборатории. Токму затоа пчелните производи имаат и висока ценовна вредност и се доста барани на пазарот.

Свесни сме дека годинава од аспект на временските прилики беше исклучително лоша за целиот земјоделски сектор, вклучително и за пчеларството, кое што претрпе големи штети поради екстремно ниските температури и поради сушата.

Како ресорно министерство сме во постојан контакт со пчеларските здруженија, со цел да изнајдеме соодветни мерки за решавање на проблемите, кои што ќе бидат во корист на пчеларите“, рече Николовски.

Министерот потсети дека меѓу првите субвенции кои ги исплатија беа а субвенции за пчеларите кога за еден ден беа исплатени над  два милиони евра субвенции за пчелни семејства.

„Македонија има одлични природни услови за развој на пчеларството, но неопходни се соодветни системски мерки за комплетно искористување на природните потенцијали во полза на пчеларството, на што како министерство ќе посветиме сериозно внимание.

Креирањето на  нашите идни политики ќе биде во насока на развој на унапредување и создавање на конкурентни производи со висока додадена вредност“, истакна министерот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?