20 Декември, 2025
0.0849

Министерот Попоски ја поддржа кампањата за сопирање на насилството врз жените

Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2016 11:35

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски се приклучи во одбележувањето на 25 ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените во рамки на меѓународната кампања за подигнување на свеста „16 дена активизам против насилството“. 

Попоски, како што информира МНР, истакнал дека насилството врз жените и девојчињата претставува грубо кршење на човековите права – правото на живот, безбедност, дигнитет и психичка и психолошка благосостојба. За да се спречи овој вид на насилството, како што се наведува, сите треба да соработуваме како на национален, така и на меѓународен план.

Попоски истакнал дека учеството во оваа кампања ја потврдува определеноста на Република Македонија за заштитата и унапредување на човековите права и слободи, кои претставуваат неизоставен дел од развојната агенда на ОН и Партнерството за одржлив развој: Стратегијата на ОН 2016-2020, договорена меѓу Владата на Република Македонија и агенциите на Обединетите нации.

– Република Македонија како одговорен член на семејството на Обединетите нации останува посветена да работи на елиминација на сите форми на насилство врз жените и девојчињата, унапредување на нивната економската состојба, со што ќе се придонесе за унапредување на родовата еднаквост и воедно реализација на 2030 – Агендата за одржлив развој, се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи.

Тој ги повикал присутните да преземат активности, не само во текот на овие 16 дена, туку да се заложат за континуиран ангажман, за запирање на родовото базирано насилство.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки