28 Септември, 2024
0.2096

Министерот за економија бара и приватните фирми да вработуваат по рамковен

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Министерот за економија Дритон Кучи, најави дека ќе бара етничка застапеност и во приватните компании. 

Кучи во емсијата Економски магзин на Алсат-М, истака дека ДУИ досега била сконцентрирана на исполнување на други права за албанското населени, како што се отворање факлутети, употреба на јазик и застапеност на албамнците во институциите, а сега ќе се бара соодветна етничка застапеност во приватните компании. 

„Не само во државните институции, треба да бидеме отворени. Јас уште вечерва, од тука како министер за економија ќе ги повикам сите приватни компании со цел повторно да го разгледаат организирањето и етничката застапеност. Ако потрошувачите на една компанија или производ се 27% или 28% колку се Албанци, зошто во таа приватна компанија да не бидат 27% или 28% од вработените застапени во компании? Затоа ние освен институционалната застапеност, време е и во приватните компании да имаме соодветна етничка застапеност“, изјави министерот за економија Дритон Кучи во емисијата „Економски магазин“ на Алсат-М. 

Ваквата изјава на Кучи бизнис секторот ја толкува како непознавање или обид за рушење на конкурентноста на компаниите, бидејќи се потенцира дека никој не може да му наложи на приватниот секотр кого да вработува, иако во Македонија, велат дел од стопанственците може да се случи владата да им наложува и на приватните компании кого да вработуваеаат од една страна а од друга страна да ги условува со добивање државни тендери, што од старт ја урива конкурентнста на самата компанија но и на целото сотопанство.

Фатмир Битиќи од СКЗМ пак на министерот за економија му посочи дека доцна е ДУИ да зборува за економска рамноправност, кога изминатите години се покажало дека не ги спроведува ниту законите кои самите ги гласале а кои се однесуваат на еднаков регионален развој.

„Да зборуваш во 2016 г. за економска еднаквост, кога во земјата е развиен голем нерамномерен економски развој, мислам дека е доцна. Ние во 2016 г. од статистички аспект имаме голема нееднаквост меѓу регионите кои никогаш не биле понерамноправни. Еве за пример ќе го земам Полошкиот регион каде стапката на невработеност според Заводот за статистика е 37.6%, а во државата е 24.7%. Или југоисточниот регион, пардон, североисточниот регион го опфаќа Куманово, Липково итн., таму невработеноста е 41.6%, а во државата стапката на невработеност е 24.7%. Или на 100 хектари земја во Полог се инвестираат 100 милиони, во Пелагонија се инвестираат 700 милиони или во североисточниот регион, Куманово-Липково се инвестираат некаде 126 милиони. Можам да продолжам уште со статистички податоци. Ова покажува дека...или БДП по глава на жител, во Полошкиот регион е 1267 долари, а во Скопскиот регион е 3780 долари, ова според ДЗС. Еден наспрема три или во регионот на Пелагонија 2 илјади и нешто долари. Што значи дека во сите региони каде живеат Албанци, но не само тоа, вие можете да го земете јужниот регион, источниот регион, ние имаме голема дискрепанција во развојот на зоните. Мислам дека за ова не може да се зборува во 2016 година. Ние треба да ги разгледуваме причините кои довеле до нееднаков развој на регионите. Имаме закон кој го изгласала оваа гарнитура и сите сме го поздравиле тогаш кога беше усвоен, тоа е законот за еднаков регионален развој. Сега не треба ние да ја откриеме топлата вода. Имаме закон кој вели дека 1% од БДП треба да се инвестира за еднаков регионален развој. Знаете колкави се инвестициите во помалку развиените зони? 0.015% од БДП“, изјави Фатмир Битиќи .

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија