Министерот за локална самоуправа ќе бара повеќе буџетски пари за регионален развој
Објавено во: Мои пари 07 Март, 2013 16:16
Министерот за локална самоуправа Тахир Хани денеска имаше работен состанок со раководителите на осумте центри за регионален развој.
Хани се заложи за поинтензивна соработка со цел побрзо решавање на актуелните прашања кои го отежнуваат функционирањето на центрите.
- Ќе се залагам за зголемување на буџетските средства за рамномерен регионален развој, за да може оваа политика да даде резултати, рече министерот.
Директорот на Бирото за регионален развој Џемаил Елмази ја потврди констатацијата дека е неопходно да се воспостави тренд на зголемување на средствата за оваа намена и побара од министерот при евентуален ребаланс на буџетот да не се пристапи кон нивно кратење со што би била доведена во прашање реализацијата на постојните проекти.
Раководителите на центрите изразија задоволство од покажаниот интерес на министерот за нивното функционирање. Ја нагласија потребата од измени на Законот за рамномерен регионален развој со цел да продолжи кофинансирањето на Центрите од страна на Министерството како и во изминатите пет години. Раководителите од министерот побараа поддршка и за наплата на средствата од општините наменети за кофинансирање на Центрите. Воедно се пожалија дека има општини кои и покрај законската обврска досега немаат издвоено ниту денар за кофинансирање од нивното формирање во 2009 година.
Раководителите на Центрите за регионален развој изразија подготвеност да го прошират својот обем на работа преку аплицирање на проекти во програмите и на други министерства, но побараа и да се забрза постапката на одобрување на проектите и распределба на средствата за регионален развој од страна на надлежните органи за да можат центрите во предвидениот рок да ги имплементираат проектите
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност





