23 Јануари, 2025
0.0336

Министерот за здравство ги повика хирурзите да работат во недела за да се намали листата на чекање

Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

По примерот на хирурзите од Ниш, министерот за здравство Фатмир Меџити ќе се обиде да го скрати времето на чекање за операција, услуга за која понекогаш во јавното здравство се чека со месеци.

Тој денеска од од клиниката за трауматологија, ортопедија, реанимација и анестезија упати барање до сите хирурзи да го следат примерот на нивните колеги од болницата од Ниш каде со прекувремена работабеше намален списокот на чекање. Тој ги повика и македонските хирурзи да изведуваат операци за време на викендите без надомест, за да се намали листата на чекање за интервенции.

- Дајте тоа што беше позитивна приказна во Ниш да ја повториме тука. Да ја ревидираме таа листа на чекање, на операции. Да направиме и ние такво хумано дело со цел да не чекаат толку долго пациентите. Да покажеме дека еве, сакаме да направиме нешто повеќе за општеството, како општествена одговорност. Пред сѐ, ние сме хумани лица, рече денеска Меџити.

Од клиниката за трауматологија и ортопедија посочија дека за операција за колк се чека и четири месеци. Минатата година на клиниката успеале да го зголемат за прв пат буџетот за да се имплантираат 600-тини протези. Докторите веруваат дека и во иднина ќе се зголеми буџетот за да се направат повеќе операции и да се намали листата на чекање.




Можеби ќе ве интересира

СОДА, БРШЛЕН, КОПРИВА: Како со овие состојки да направите органски препарати за своите насади?

СОДА, БРШЛЕН, КОПРИВА: Како со овие состојки да направите органски препарати за своите насади?

ИМАМЕ ТЕМПЕРАТУРНА ИНВЕРЗИЈА: Доаѓа топло време на планините, а студено и магливо во котлините

ИМАМЕ ТЕМПЕРАТУРНА ИНВЕРЗИЈА: Доаѓа топло време на планините, а студено и магливо во котлините

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“