Министерство за земјоделство: Да не се прави вештачка криза со сливите
Објавено во: Агробизнис 11 Август, 2018
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на почеток на следната недела ќе излезе со конкретна интервентна мерка за стабилизирање на пазарот на сливи. откако денеска производителите од Радовиш организираа протест поради неповолниот откуп.
„Мерките кои што ќе бидат
преземени вчера беа заеднички разговарани на состанокот во Радовиш помеѓу тимот
од МЗШВ и производителите и откупувачите на сливи. Од вчерашниот состанок
произлегоа конкретни предлози од двете страни, кои МЗШВ ќе ги разгледа, и како
ресорно министерство ќе донесе мерки кои ќе бидат од заеднички интерес и на
производителите и на откупувачите на сливи. Владата преку МЗШВ и во изминатиот период навреме реагираше и преземаше мерки за секоја
земјоделска култура, како што годинава
се реагираше за доматите, а минатата година за лубениците и за праските. МЗШВ
апелира до земјоделците да не потпаѓаат на политички монтирани информации и
создавање на вештачка криза“, велат од министерството.
Инаку, согласно поднесените барања за директни плаќања за површини со сливи за 2018 година, пријавени се 2.788 лица со вкупно пријавена површина од 2.121 хектари. Од Програмата за директни плаќања за одржување на насади од слива се исплаќа субвенција во висина од 33.000 денари за хектар и 39.600 денари за површини од 1 до 5 хектари.
Во годинешната Програма за финансиска поддршка во земјоделството, производителите на сливи имаат можност да аплицираат за субвенција од 3 денари за килограм предадени сливи во преработувачки капацитети
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.