Министерството контра СДСМ - Со 6 милиони ништо не правите за земјоделците
Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2017 17:30
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во врска со претставената идеја на СДСМ за формирање на интервентен фонд од шест милиони евра помош за земјоделците при временски непогоди, посочува дека со толку малку пари не се решаваат проблемите на земјоделците.
„Очигледно дека СДСМ, сакајќи да покаже некаква идејност, на земјоделците им нуди суми извадени од ракав без никакви анализи кои не можат да покријат ниту една штета од временски непогоди, а камоли да им ја исплаќаат разликата од производната до продажната цена на сите земјоделски култури“, наведуваат од МЗШВ во денешното соопштение.
Министерството за земјоделство минатата година, како што стои, обезбеди не шест туку 12 милиони евра само за покривање на штетите од временските непогоди и за разликата од производната до продажната цена на некои земјоделски култури.
Значи ли тоа дека тие им нудат помалку пари од досегашните. На пример, само за штетите од временските неприлики во јануари 2015 година во 43 општини се исплатени 5,5 милиони евра. Лани за штетите направени во земјоделството во скопско, исплатени се 2,5 милиони евра. За покривањето на разликата од производната и пазарната цена на земјоделските култури, само за пченицата се обезбедија дополнителни четири милиони евра, за лозарството три милиони евра и за оризот дополнителни еден милион евра. Секоја година државата исплаќа над 1,5 милион евра за кофинансирање на полисите за осигурување на имотот. Стапката од 60 отсто за кофинансирањето е највисока во целиот регион и пошироко, соопшти МЗШВ.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




