Министерството за економија доби сертификат ИСО 9001:2008
Објавено во: Мои пари 27 Февруари, 2013 15:37
Министерството за економија од јануари 2012 година почна со процесот за воведување ИСО 9001 стандардот за квалитет, како дел од постојаните напори за реформа на јавната администрација и подобрување на нејзината ефикасност и ефективност.
По извршената сертификација од страна на Сертификациското тело ТÜВ АУСТРИА ЦЕРТ ЛТД - Министерството за економија доби сертификат ИСО 9001:2008.
Согласно стандардот, Министерството е сертифицирано за развивање и имплементација на современа, интегрирана, проактивна економија согласно принципите на ЕУ и националните развојни документи преку зголемување на конкурентноста на домашната економија базирана на знаење, иновации, интернационализација, како и создавање поволна деловна и инвестициска клима што ќе придонесе за отворање нови работни места, економски раст и и развој на одржливи основи.
Предноста од воведувањето на ИСО стандардот е што ќе се примени принцип на работа со кој периодично се прави реевалуација на институцијата за да го зачува сертификатот, со што се зголемува квалитетот на услугите кои ги нуди кон граѓаните.
Очекувани придобивки од воведувањето на стандардот покрај зголемување на нивото на задоволство на корисниците на услугите и на вработените, се и подобрена изведба на услугите со стекнување на деловната доверба кај постоечките или потенцијалните корисници, намалување на жалбите, како и на трошоците на работењето, подобрена комуникација,...
ИСО 9000 е меѓународен консензус на добри практики за правилно управување со квалитет. Се состои од стандарди и прирачници во врска со системите за управување со квалитет и соодветните стандарди за поддршка. Определбата за сертификација на систем за управување со квалитет согласно ИСО 9001 од страна на акредитирано сертифициско тело ја покажува посветеноста на секоја организација кон квалитетот, корисниците и клиентите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност





