19 Декември, 2025
0.0417

Министерството за финансии објави Јавен долг 34,1 % од БДП, највисок во последниве 7 години!

Објавено во: Финансии 01 Јуни, 2013 10:00

Добивај вести на Viber

Јавниот долг на Централната Влада во април достигна ниво од 34,1% од Бруто Домашниот Производ. Најновите податоци на Министерството за финасии покажуваат дека и во април продолжил трендот на пораст на Јавниот Долг.

Во апсолутни бројки, заклучно со април долгот изнесува 2 милијарди и 716 милиони евра, што во однос на март преставува пораст од 13,4 милиони евра.

Со почетокот на оваа година продолжи трендот на пораст на Јавниот Долг, така во однос на декември 2012 та година, за четири месеци задолжувањата се поголеми за 172 милиони евра.

Анализирано од аспект на структурата на Јавниот Долг на Централната Влада, долгот кон странство изнесува 1 милијарда 667 милиони евра а внатрешниот долг 1 милијарда и 48 милиони евра, пришто е регистриран раст на долговите по двата основи.

Бројките укажуваат дека Јаниот Долг од 34 отсто од БДП, измерен во април годинава, претставува највисоко ниво во последните седум години.

Во 2005 та година Јавниот Долг изнесуваше 38% од БДП, но по преземањето на власта од страна на ВМРО ДПМНЕ, во 2007 ма и 2008 ма година се спроведе процес на раздолжување кон странските кредитори и кон меѓународните финансиски институции, поради што долгот беше сведен на 20,6% од БДП во 2008 ма година.

Но, веднаш потоа, темпото на задолжување од година во година продолжи, со што сега се достигна едно од највисоките нивоа.

Дел од експертската јавност укажа дека Македонија го искористи фискалниот простор за натамошни задолжувања, а меѓународните финансиски институции и агенции побара од Владата да усвои Стратегија за управување со Јавен Долг – клучен документ што треба да ги содржи плановите на државата за натамошни задолжувања како и динамиката за раздолжување.

Последната ваква Стратегија беше усвоена во март, 2010 та година, а се однесуваше на периодот 2010 – 2012 та година.

Според тој документ, Владата планирала лани државниот долг да се одржи на ниво не повисоко од 30%. За разлика од овие проекции, ланската 2012 та година заврши со ниво на Јавен Долг на Централна Влада од 33,8%.

А.Д.

Можеби ќе ве интересира

ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани

ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра