Министерството за здравство објави на кои локации утре ќе има теренска вакцинација
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 12 Јули, 2021
Министерството за здравство попладнево објави на кои локации утре ќе има теренска вакцинација.
Теренската вакцинација, утре 13 јули, ќе се одвива во овие населени места во секоја од следните општини:
Делчево/Македонска Каменица - Цера
Тетово - Желино, Стримница, Долна Лешница, Горна Лешница, Палатица, Требош, Узурмишт
Гостивар – Чегране, Форино, Врапчиште, Чајле
Штип – Чардаклија, Горен и Долен Балван, Крупиште
Прилеп – Ракле, Никодин, Царевиќ
Свети Николе –Мустафино
Кратово - Страцин, Димонце,Пендак,Крилатица, Таламанце, Трновац
Виница – Лаки, Драгобраште
Демир Хисар – Бараково, Единаковци, Света
Валандово - Пирава
Струга – Радолишта, Шум, Заграчани
Крушево – Норово, Алданци, Селце
Ростуше – Присојница
Дебар - Могорче
Струмица – Свидовица
Босилово – Старо Балдовци, Дрвош
Неготино –Пепелиште
Радовиш - Дедино, Ињево
Пробиштип – Долни Стубол
Кочани – Чешиново
Кичево – Србица, Ново Село
Кавадарци – Росоман, Сирково
Битола - Дихово, Нижеполе, Трново, Магарево, Брусник, Лавци
Вевчани – Велешта, Добовјани, Горно и Долно Татеши
Охрид – Мешеишта, Климештани, Ботун, Злести, Белчишта
Македонски Брод – Самоков
Велес - Дреново, Долно Јаболчиште, Горно Јаболчиште
Крива Паланка - Дубровница , Луке
Куманово – Арбанашко, Малотино, Рамно, Мглинце, Буковљане, Длабочица, Дејловце, Цветишница, Жегљане, Степанце, Кокино, Бајловце, Жељувино, Аљинце, Осиче, Облавце, Макреш, Канарево
Скопје – Сарај, Грчец, Крушопек, Љубин
Процесот за теренска вакцинација е организиран во соработка со здавствените домови од секој град, локалната самоуправа и месните заедници.
foto freepik* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.