Добивај вести на Viber
Ќе се менуваат риболовните основи со кои се одредува количината на излов на охридската пастрмка, најавува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков. Целта е да се заштити овој ендемски вид во Охридското Езеро од целосно истребување.
Цветков денеска се сретна со претставници на концесионерот „Пастрмка 2012“ и надлежниот инспекторат, на еден од риболовните пунктови во Охрид.
„Со концесионерот разговаравме за за тоа што е потребно да се направи за да ја вратиме пастрмката во Охридското езеро, да го вратиме брендот, што е тоа што ние како држава, како ресорно министерство треба да направиме за да помогнеме“, вели Цветков.
Концесионерот, пак, објаснува дека количините за улов на пастрмка не се реални, бидејќи овој вид на риба ја има во се помали количини.
Оваа година поднесени се 147 прекршочни пријави и четири кривични, одземени се 700 килограми најразлична риба уловена незаконски и казнети се 11 ресторани поради продажба на риба без сертификат за потекло, информира ресорниот инспекторат.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: