Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе отвара подрачни единици во руралните општини
Објавено во: Агробизнис 07 Август, 2013 13:59
Девет подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се отвораат во руралните општини, најави денеска
Коњановски присуствуваше на отворањето на првата ваква канцеларија во струмичко Ново Село со која, како што рече, почнува да се реализира владиниот проект ветен пред шест месеци.
- По направените анализи, констатиравме дека земјоделците од Ново Село дневно патуваат двапати по 60 - 70 километри до Подрачната единица во Струмица за да завршат некои активности или законски обврски. Во Струмичко се евидентирани над 12.000 земјоделци од кои најголем број во руралните општини Ново Село, Босилово и Василево. Во најскоро време вакви канцеларии ќе отвориме и во овие општински центри, како и во уште 6 останати општини во државата, нагласи Коњановски.
Градоначалникот на Ново Село Блажо Велков напомена дека отварањето на подрачната единица во Ново Село локалната самоуправа покажа подготвеност за реализација на дадените ветувањаа и за создавање уште поблиска соработка со централната власт.
- Со отварањето на канцеларијата нашите земјоделци ќе заштедат и пари и време, а административните услуги ќе им бидат во целост овозможени, истакна Велков.
На отворањето беше најавено дека по овој пример, наскоро во Ново Село ќе профункционираат и канцеларии на СВР, како и на Катастарот каде граѓаните ќе ги добиваат потребните лични документи и имотни листови.
Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Ново Село е сместена во административната зграда на општината.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





