05 Декември, 2025
0.1578

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува два јавни огласи за закуп на земјоделско земјиште

Објавено во: Агробизнис 06 Август, 2017 10:53

Добивај вести на Viber

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство распишува два јавни огласи за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост. Едниот оглас е за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање.Со овој јавен оглас се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од 595ха 40ар 38м2 во следните региони во Република Македонија: Виница, Битола, Гевгелија ,Ресен, Струга, Кавадарци, Кратово, Кочани.

Намената за кое се дава земјоделското земјиште во државна сопственост во закуп е за:

- подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години,

-подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,

-подигање на маслинарници за период до 50 години,

-одгледување на други земјоделски култури за период до 15 години,

-ливади за период до 15 години,

-за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години,

- рибници до 20 години и

- спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.

Вториот јавен оглас е за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари. Со овој јавен иоглас се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина  од 866ха 75ар 56м2  и  тоа за следните региони во Република Македонија: Неготино, Берово, Пробиштип, Кисела Вода, Кичево, Прилеп.

Земјоделското земјиште во државна сопственост кое се дава во закуп со овој јавен оглас е со намена за:

-подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години,

-подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,

-подигање на маслинарници за период до 50 години,

-одгледување на други земјоделски култури за период до 15 години,

-ливади за период до 15 години,

-за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години,

-рибници до 20 години и

-спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.

Повеќе детали за огласите во прикачените документи.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?